Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристовски со порака за ракометарите: Играјте со срце за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ристовски со порака за ракометарите: Играјте со срце за Македонија
СПОРТ

Ристовски со порака за ракометарите: Играјте со срце за Македонија

Објавено January 5, 2026 18:54
Сподели
Сподели

Министерот за спорт Борко Ристовски денес ги посети македонските ракометари и им посака успешен настап на претстојното Европско првенство што ќе се одржи од 15 јануари до 2 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.

– Играјте со срце, играјте за Македонија! Некогаш не се битни само резултатите, но секогаш е битно да се одигра максимално и да се остави срце на терен, посебно кога се носи националниот дрес. Публиката тоа го препознава и го почитува. Како некој што со години го носеше овој дрес, знам што значи да се игра за Македонија, знам колкава чест, но и одговорност е тоа. Верувам дека ќе одиграте максимално и достојно ќе ја претставувате Македонија и македонскиот ракомет на ова Европско првенство, им порача Ристовски на македонските ракометари.

Министерство за спорт

Владата преку Министерството за спорт и во соработка со Ракометната федерација на Македонија обезбеди и финансиска премија за македонската репрезентација од два милиони денари за секоја победа и уште два милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026.

„Црвено-жолтите“ по Божик заминуваат на турнир во Швајцарија, а оттаму продолжуваат директно за Хернинг, Данска каде ќе ги игра натпреварите од групната фаза на ЕП против селекциите на Данска, Португалија и Романија.

Министерство за спорт

Македонските ракометари по 15 пат во континуитет настапуваат на големите натпреварувања – европски и светски првенства што заслужено им го носи епитетот најуспешна македонска репрезентација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стармер: Иднината на Гренланд е во рацете на Гренланд и Данска
Следна Статија В недела избори во четири општини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Суспензија за стадионот во Чаир, а Шкупи предаден на дисциплинска

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè…

September 24, 2025
СПОРТ

Нори го елиминира Алкараз од Мастерсот во Париз

Најдобриот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го заврши својот настап на Мастерсот во Париз во второто коло. Алкараз беше слободен…

October 29, 2025
СПОРТ

Се бараат строги казни за иранските фудбалерки зошто не ја пееле химната

Иран настапува на континенталниот турнир во време кога воениот конфликт ескалира во земјата, откако САД и Израел почнаа воздушни напади…

March 6, 2026
СПОРТ

Мицкоски го отвори „Гранд при Скопје – 13 Ноември”

Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски и министерот за спорт Борко Ристовски го отворија…

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?