Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Седум продолжени викенди ги очекуваат граѓаните во 2026 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Седум продолжени викенди ги очекуваат граѓаните во 2026 година
ЗАБАВА

Седум продолжени викенди ги очекуваат граѓаните во 2026 година

Објавено January 6, 2026 09:22
Сподели
Сподели

Во 2026 година граѓаните на Македонија ќе имаат вкупно седум продолжени викенди, благодарение на начинот на кој се распоредени неработните денови согласно Законот за празниците. Од вкупно 11 неработни денови што важат за сите граѓани, најголем дел паѓаат во петок или понеделник, или пак во недела, по што автоматски се префрлаат како слободен ден во понеделник.

Првиот продолжен викенд во годината е поврзан со Рамазан Бајрам, кој во 2026 година се паѓа на 20 март, во петок. Следува априлскиот продолжен викенд за Велигден, кога 13 април, понеделник, е неработен ден за сите граѓани, а 10 април, Велики петок, е слободен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Продолжен викенд ќе има и за 1 Мај – Денот на трудот, кој се паѓа во петок, како и за 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Иако празникот е во недела, согласно законот, неработен ден ќе биде понеделник, 25 мај.

Во август, продолжениот викенд е поврзан со 2 Август – Денот на Републиката, кој во 2026 година се паѓа во недела, па неработен ден ќе биде понеделник, 3 август. Слична е ситуацијата и во октомври, кога Денот на народното востание, 11 октомври, е во недела, а понеделникот, 12 октомври, ќе биде неработен. Дополнителен продолжен викенд следува и на 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кој е во петок.

За граѓаните од православна вероисповед, 2026 година носи уште неколку дополнителни продолжени викенди, бидејќи празниците Богојавление – Водици на 19 јануари, Духовден на 29 мај и Успение на Пресвета Богородица на 28 август, сите се паѓаат во петок.

Покрај продолжените викенди, во текот на годината има и неработни денови што не се поврзуваат со викенд, како 1 јануари – Нова година, 7 јануари – Божик, 8 септември – Денот на независноста и 8 декември – Денот на „Св. Климент Охридски“, кои се паѓаат во работни денови. За православните граѓани, неработен ден е и 6 јануари – Бадник, кој е во вторник.

Законот за празниците предвидува и посебни неработни денови за граѓаните од различни вероисповеди и заедници, меѓу кои се Велигденските празници за католиците, Курбан Бајрам за муслиманите, како и празници поврзани со националните заедници во земјата. Со ваквиот распоред, 2026 година нуди повеќе можности за одмор, патувања и планирање на подолги паузи од работните обврски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија В недела избори во четири општини
Следна Статија Денеска е Бадник – направете ги овие обичаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Здолништето на Шакира се скина на концерт (ВИДЕО)

Шакира моментално е на својата светска турнеја „Las mujeres ya no lloran World Tour“, во рамки на која настапи во…

June 11, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Се премисли жената, која го обвини Џеј Зи дека ја силувал пред 24 години: Згрешив

Девојката, која го обвини Џеј Зи дека ја силувал во 2000 година, излезе со нови детали. Имено, како што изјави…

December 15, 2024
ЗАБАВА

Мартинките предвесник на пролетта

Денеска е 1 март – денот кога на рацете, околу вратот или на облеката се појавуваат црвено-белите плетенки познати како…

March 1, 2026
ЗАБАВА

Oрганизаторот на атентатот врз Ѓинѓиќ се уште нема право на љубовна соба

Милорад Улемек Легија (58), кој издржува максимална казна од 40 години во најстрогиот затвор во Србија, т.н Алкатраз во Забела, наскоро…

June 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?