Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Путин присуствуваше на божиќна литургија и ја пофали „светата мисија“ на руските војници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Путин присуствуваше на божиќна литургија и ја пофали „светата мисија“ на руските војници
СВЕТ

Путин присуствуваше на божиќна литургија и ја пофали „светата мисија“ на руските војници

Објавено January 7, 2026 11:52
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин традиционално присуствуваше на божиќната литургија, која годинава се одржа во црквата „Свети Ѓорѓи“ во близина на Москва. По повод големиот христијански празник, тој упати пораки за единство, милосрдие и поддршка на вооружените сили на Русија.

Путин на литургијата се појави во темно одело без вратоврска, а беше фотографиран како стои меѓу униформирани војници, кои на богослужбата дојдоа заедно со своите сопруги и деца.

Во своето обраќање по службата, рускиот претседател ја истакна, како што рече, „светата мисија“ на руските војници да ја бранат татковината.

Воините на Русија отсекогаш, според Божјата наредба, ја извршувале оваа мисија за одбрана на Татковината и нејзиниот народ“, изјави Путин, додавајќи дека руското општество низ историјата ги гледало своите војници токму како бранители со посебна духовна улога.

Божиќната честитка на Путин претходно беше објавена и на официјалната веб-страница на Кремљ, каде тој им го честиташе Христовото раѓање на граѓаните.

Во честитката, Путин посебно ја нагласи улогата на Руската православна црква и другите христијански деноминации во, како што наведе, обединувањето на руското општество, зачувувањето на историското и културното наследство, како и во духовното и моралното воспитување на младите.

Тој истакна и дека религиозните организации активно учествуваат во хуманитарни активности, пружаат поддршка на семејствата на војниците, како и на ветераните, оценувајќи дека нивната работа заслужува најискрено признание.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Интел го лансира Core Ultra Series 3 со најновиот 18A процес
Следна Статија Идни договори за акции се речиси непроменети по рекордот на Dow

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Исчезнаа американски војници кај границата со Белорусија

Четворица американски војници се водат како исчезнати за време на воена вежба на НАТО во Литванија, а постои стравување дека…

March 26, 2025
СВЕТ

Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите…

September 28, 2025
СВЕТ

Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го отфрла договорот за ретки минерали…

March 31, 2025
СВЕТ

Трамп планира да отпушти повеќе луѓе од својот кабинет

Претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно размислува за понатамошни промени во својот кабинет откако Пем Бонди беше отпуштена од функцијата…

April 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?