Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар
МАКЕДОНИЈА

Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар

Објавено January 7, 2026 16:34
Сподели
Сподели

Стареењето е природен процес. Во услови кога младите имаат сѐ подинамичен живот и голем број обврски, а сѐ помалку слободно време, повозрасните имаат потреба од згрижување во старски домови. Но, иако во државата постојат државни и приватни установи, а во најава се и нови, расте интересот за сместување во старски домови – потребен е дополнителен простор и кадар.

– Во сите јавни и дел од приватните установи за сместување стари лица има листи на чекање, наведуваат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, на прашање од МИА колку лица имаат потреба од старски домови, а нема можности да бидат сместени и има ли листи на чекање.

Оттаму потврдија дека има потреба од вработувања во старските домови.

– Има недостиг од соодветен стручен кадар за опслужување на постоечките установи за сместување на стари лица од социјални работници, медицински сестри и негуватели, истакнаа од Министерството.

Вкупниот сместувачки капацитет во јавните установи е 676 легла. Покрај сместување на старите лица во јавни установи, сместување обезбедуваат и 38 приватни домови. Вкупниот сместувачки капацитет во приватни установи изнесува 1.609 легла. Од постоечките приватни установи за сместување стари лица, најголем дел се во Скопје.

Од Министерството потсетија дека како држава, располагаме со пет јавни установи за сместување стари лица. ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“, Оддел „Мајка Тереза“ – Скопје има капацитет од 111 легла, ЈОУ Дом за стари „Зафир Сајто“ – Куманово, 197 легла, а ЈОУ Дом за стари „Киро Крстески Платник“ – Прилеп, 150 легла. ЈОУ Дом за стари „Сју Рајдер“ – Битола располага со 150 легла, а Општинската Јавна установа за социјална заштита на стари лица „Д-р Иван Влашки“ – Берово, има 67 легла.

Изминатата 2025 година било направено проширување на сместувачкиот капацитет во Берово за уште 28 корисници.

– Министерството има склучени договори за соработка со Општина Пробиштип за адаптација и пренамена на крило на Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Дом за стари лица, 54 корисници и Општина Кавадарци за изградба на дом за стари лица, 57 корисници. Со Општина Крива Паланка во постапка е издавање на одобрение за реконструкција, пренамена и адаптација на Ученички дом „Боро Менков“ во дом за стари лица, 20 корисници, откако општината ќе ги обезбеди потребните документи. Со Општина Кратово – изготвен е нов идеен проект за реконструкција на постоечки објект во дома за стари лица, 35 корисници, доставен е до Министерството за разгледување, информираа од Министерството за МИА.

Оттаму нагласија дека секоја година, Министерството за социјална политика, демографија и млади објавува јавен повик на кој може да аплицираат сите заинтересирани општини што имаат потреба за изградба, доградба, реконструкција и адаптација на објекти за воспоставување на услуги и зголемување на капацитетите кај постоечките даватели, вклучително и капацитети за престој на стари лица.

На прашањето, има ли проблеми при функционирањето на старските домови, кои се тие проблеми и како се надминуваат, од Министерството посочуваат дека установите за сместување на стари лица – јавни и приватни, се соочуваат со предизвикот на обезбедување соодветен стручен кадар: социјални работници, медицински сестри и негуватели потребни за непречено функционирање на објектите.

Се интересиравме за тоа како се движат цените за сместување во старските домови.

– Цените за сместување во јавни установи за вонсемејна социјална заштита на стари лица се движат од 10.900 денари до 25.800 денари во зависност од здравствената состојба на корисникот, споделија од Министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Годишната стапка на инфлација во Германија значително се намали на 1,8 проценти во декември
Следна Статија Цените на бакарот надминаа 13.000 долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одлуката на САД за визниот режим е само за иселеничките визи, не и за визите за студенти, туристи и стопанственици

Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на Хајрулахи

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за оддалечување на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи од функцијата, која беше донесена…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?