Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кочани го откажа „Маршот на ангелите“, ќе има мирен собир за жртвите од Кран-Монтана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кочани го откажа „Маршот на ангелите“, ќе има мирен собир за жртвите од Кран-Монтана
МАКЕДОНИЈА

Кочани го откажа „Маршот на ангелите“, ќе има мирен собир за жртвите од Кран-Монтана

Објавено January 8, 2026 11:57
Сподели
Сподели

Градот кој ја почувствува најголемата болка по трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 претежно млади луѓе, во сабота ќе одржи мирен собир за жртвите од Кран-Монтана.

Организаторите на собирот соопштија дека планираниот „Марш на ангелите“ нема да се одржи, а наместо тоа граѓаните се повикуваат на мирна и достоинствена средба, со која ќе се испрати порака на сочувство и солидарност.

Под мотото „Од Кочани до Кран-Монтана: Тивка почит за загинатите“, жителите на Кочани ќе се соберат за да запалат свеќи и да оддадат почит во тишина.

„Од град што ја носи болката во себе, до мајки и семејства што денес ја живеат истата тишина — да застанеме заедно, без зборови што се мали за ваква загуба.

Дојдете да запалите свеќа, со тишина да оддадеме почит, со срце што знае да сочувствува. Да ја споделиме тишината што ги поврзува оние што загубиле со оние што паметат. Кочани се сеќава. Кочани сочувствува. Кочани е со мајките и семејствата на Кран-Монтана“ напишаа тие на Фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Леново го претвора концептот на Auto Twist лаптоп во реален производ
Следна Статија СандиСк достигнува историски врв: Пазарот на меморија се подготвува за огромен раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Цветановски повторно на функција: Очекувам новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје откако Советот на јавни обвинители едногласно…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик

Нема поприлично место од Охрид и македонската светиња над светињите - црквата „Света Софија“ за празнување и одавање почит на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик

Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Биљана Ангелова и Дарко Данев се кандидати за нов ректор на УКИМ, гласањето е на 28 април

По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, од 12…

April 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?