Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уште два дена кампања за повторените локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Уште два дена кампања за повторените локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
ПОЛИТИКА

Уште два дена кампања за повторените локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Објавено January 8, 2026 15:41
Сподели
Сподели

Во недела на 11 јануари во земјава треба да се одржат повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Дваесетдневната изборна кампања за изборите завршува на 9 јануари на полноќ, по што почнува изборниот молк до завршување на гласањето на 11 јануари во 19 часот. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласачките ливчиња веќе се печатат и утре заедно со апаратите за биометриска идентификација ќе се дистрибуираат до Општинските изборни комисии а оттаму да бидат подигнати од Избирачките одбори. Во сабота гласаат болните и изнемоштените и лицата во затворите.

Од ДИК посочуваат дека од организациски и технички аспект се е подготвено за повторените избори.

Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта, од коалицијата Вреди и независниот Ваљбон Лимани поддржан од НАИ. Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од
Група избирачи. Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.

Избирачкиот список за повтореното гласање е веќе заклучен. Во Гостивар во Избирачкиот список се запишани 82.870 граѓани со право на глас, 78.185 гласачи се постојани жители на општината, додека во посебниот Избирачки список за лица кои живеат во странство се запишани 4 604 гласачи, а 81 лице се во затвор или во притвор.

Во Избирачкиот список за Маврово Ростуше се запишани 10 575, од кои во посебниот Избирачки список за жители во Општината 9 622, во странство 951, а во затвор или во притвор се двајца.

Во Избирачкиот список за Врапчиште запишани се 27 279 граѓани со право на глас, 26 318 во посебниот Избирачки список за жители од Општината, во посебниот ИС за гласачи кои живеат во странство се запишани 950, а 11 во затвор или во притвор.

Бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562, од нив 6 305 во оштината, во посебниот ИС за гласачи во странство се запишани 1257 лица.

Според информациите од ДИК, нема никаков интерес за набљудување на повторените избори. До денеска нема пријавено ниту еден набљудувач.

Во Регистарот за медиуми за платено политичко рекламирање пријавени се 32 интернет портали, 13 регионални и национални телевизии и пет радиостаници.

За да се избере градоначалник потребно е за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи

Согласно членовите 132, 132а и 133 од Изборниот законик на повторените избори не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи, вклучувајќи ја и Центар Жупа каде што има само еден кандидат.

Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг на 19 октомври не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.

Во Гостивар одѕивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.

Ова се последни избори за овој состав на Државната изборна комисија. Нивниот мандат завршува на 15 јануари односно до изборот на нов состав на Комисијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен
Следна Статија По неколку одлагања и две операции на тестиси газдата на „Дурмо турс“ во „Идризово“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски му одговори на Филипче: За декласифицирање на прислушуваните материјали не одлучувам јас

И Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност доставија до Јавното обвинителство тоа што имаа да достават. Да почекаме…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, порача Јанев и ја напушти Левица

Разочаран од последните обиди на неговите сопартијци да политички да поентираат врз трагедиајта во Кочани, Јован Јанев преку долг пост…

March 24, 2025
ПОЛИТИКА

Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче

Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди…

November 13, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?