Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, Клиниката во Козле е полна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, Клиниката во Козле е полна
ЗДРАВЈЕ

Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, Клиниката во Козле е полна

Објавено January 8, 2026 15:48
Сподели
Сподели

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти, а хоспитализирани се 90-ина деца, со што болничкиот капацитет е речиси комплетно исполнет. Хоспитализирани се пациентите со компликации од грип – дехидратација, пневмонии и бронхоопструкции. Неколку деца се и на кислородна поддршка со маска, а другите се стабилни. Има и доенчиња со RSV-бронхиолити, изјави директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска.

Изминатата недела, посочува таа, се чини дека грипот го достигнува својот пик, а за ваквата состојба придонесоа и новогодишните и божиќните празници кога имаше интензивни дружења, претстави, приредби за децата во затворен простор.

Појаснува дека симптомите на грипот почнуваат обично нагло, со зголемена телесна температура, болка во грлото, болка во мускулите и зглобовите, носна секреција и сува кашлица.

Препорака за родителите во овој период, нагласува таа, е да се избегнуваат собири во затворен простор, да се одржува лична хигиена со често миење на рацете, да се прави дезинфекција на површините, во исхраната да има свежо овошје и зеленчук и да се престојува на чист воздух.

– При појава на симптоми на грип децата да не се носат во градинка, да се изолираат, да се одржува добра хидрација со зголемено внесување течности, да се даваат лекови за покачена температура и разладување. Ако симптомите траат повеќе од три до четири дена или прогресираат со појава на интензивна кашлица, забрзано или отежнато дишење, да се побара лекарска помош на матичен лекар или во дежурните педијатриски пунктови и доколку состојбата е сериозна и потребно е болничко лекување, секако да се упатат во нашата установа, додаде проф. д-р Бошковска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клиниката за нефрологија применува метод за создавање брахиобазилична артериовенска фистула со суперфицијализација на базиличната вена
Следна Статија Денес го славиме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Први симптоми на дијабетес, не ги игнорирајте

Дијабетесот може да предизвика низа компликации ако не се открие навреме. Многу е важно да го препознаете што е можно…

July 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алексиоска–Папестиев: Клиниката за гинекологија ќе има современ центар за ин-витро

Повеќе современи методи – од минимално инвазивни лапароскопски и хистероскопски процедури, до напредни протоколи во третманот на ризични бремености и…

November 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија (анастрозол и летрозол) во аптеките, изјавија за МИА…

July 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Корисни совети: Како да се заштитите од крлежи?

Крлежите се ситни паразити кои се хранат со крвта на своите домаќини, а најчесто се наоѓаат во висока трева, грмушки,…

June 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?