Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари
ЗАБАВА

Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари

Објавено January 9, 2026 16:39
Сподели
Сподели

Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинешното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики.

Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, упати отворена покана до граѓаните да ја посетат манифестацијата нагласувајќи дека за време на карневалските денови целото село живее во духот на традицијата и заедништвото.

– Во Вевчани тие денови секоја куќа е отворена и насекаде ќе ве пречекаат со љубов. Ви советувам да облечете постара облека за да не се грижите дали ќе ве испрскаат со црвено вино. Карневалот и маските не се само за критика, туку, пред сè, за забава, изјави Кочовски.

Новинарот Антонио Димитриевски, кој ја водеше прес-конференцијата, истакна дека Вевчанскиот карневал претставува спој на долга традиција и современа сатира.

– Тие денови Вевчани се претвора во голема сцена, а традицијата во слобода. На карневалот никогаш нема исти маски, освен традиционалните – зетот и невестата и Глупиот Август. Маските се инспирирани од настаните од изминатата година, но карневалот не е само критика на општеството, туку, пред сè, забава, рече Димитриевски.

Организаторите најавија и богата музичка програма. На 12 јануари од 20 часот ќе се одржат концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“. На 13 јануари, исто така од 20 часот, ќе следуваат концерти на фолк-музика, со настапи на Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски и оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“. Музичката програма ќе заврши на полноќ со настап на Перо Бели и групата „Вип“, кои традиционално ќе ги испратат карневалците на изворите.

На прес-конференцијата беше присутен и Дарко Масларковски од групата „Пука козметика“, кој истакна дека нивната поврзаност со Вевчанскиот карневал трае повеќе од една деценија.

– „Пука козметика“ веќе 14 години со љубов доаѓа на Вевчанскиот карневал. Вевчанската публика сака комуникација и затоа репертоарот секогаш го приспособуваме заедно со неа, изјави Масларковски.

Вевчанскиот карневал, со традиција долга речиси 1.400 години, претставува спој на пагански обичаи, христијанска традиција и современа сатира и има силна социјална и културна улога во заедницата. Карневалот симболично го означува преминот од старата во новата година, како и потребата од прочистување, обновување и нов почеток

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЛДП: Техничката влада нема да ги нахрани граѓаните, време е за вистински реформи
Следна Статија Клековски: Работиме на ревизија на критериумите за боледување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Синот на Диди е обвинет дека намамил жена во Лос Анџелес за да биде силувана од татко му

Џастин Комбс, син на музичката ѕвезда Шон Диди Комбс, е обвинет дека наводно намамил жена од Луизијана во Лос Анџелес…

June 27, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Новата фризура на Доналд Трамп ги запали социјалните медиуми

Препознатливата фризура на Доналд Трамп беше иконски дел од неговиот бренд долго пред да зачекори на политичката арена. Но, новото…

December 19, 2024
ЗАБАВА

Riot Games случајно го објави датумот за издавање на 2XKO за конзоли

Изгледа дека Riot Games ненамерно го откри датумот за издавање на играта 2XKO за конзолни играчи.

January 1, 2026
ЗАБАВА

Вилата на Џин Хекман била преполна со стаорци, кои шират смртоносна болест

Имотот каде што холивудската ѕвезда Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви во февруари, бил преполн со…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?