Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
СВЕТ

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела

Објавено January 9, 2026 16:46
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го откажал вториот бран напади врз Венецуела откако Каракас се согласил на соработка.

Според него САД и Венецуела добро соработуваат, а „големите нафтени“ компании ќе вложат најмалку 100 милијарди долари.

Трамп ослободувањето на голем број политички затвореници го оцени како знак на „потрага за мир“.

– Ова е многу важен и паметен гест. САД и Венецуела добро соработуваат, посебно кога станува збор за обнова, во многу поголем, подобар и помодерен облик, на нивната нафтена и гасна инфраструктура. Поради оваа соработка, го откажав претходно очекуваниот втор бран напади, што изгледа нема да е потребен, но сите бродови ќе останат на место поради безбедност, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).

Тој претходно во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ (Fox News) најави дека венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо следната недела ќе го посети Вашингтон.

Трамп претходно ја отфрли идеја за соработка со Мачадо, тврдејќи оти таа „нема поддршка во земјата или почитување во земјата“. Тој еден ден претходно наведе дека „многу добро се согласува“ со Владата на Венецуела, предводена од вршителката на должност привремената претседателка Делси Родригез.

Во меѓувреме, американската морнарица денеска заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад.

Тоа е петта американска акција во изминатите неколку недели.

Танкерот Олина претходно исплови од Венецуела, а потоа се врати во регионот, каде беше пресретнат од американската морнарица. Танкерот пловел под лажно знаме на Источен Тимор.

По соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, САД не дозволуваат бродови и танкери, против кои се воведени санкции да влезат или да ги напуштат територијалните води на јужноамериканските земји-членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Работиме на ревизија на критериумите за боледување
Следна Статија Државниот врв на ручек кај Архиепископот г.г. Стефан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

„Град на духови“ на Флорида пред налетот на силниот ураган, сите жители избегале (ВИДЕО)

Додека Флорида се подготвува да биде погодена од еден од најсилните урагани досега, ураганот Милтон, снимките од крајбрежните области кои…

October 9, 2024
СВЕТ

Лавров упати сериозни обвинувања: Украинците се обидоа да го убијат генералот Алексеј во Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина за обид за атентат врз рускиот генерален Владимир Алексеев во…

February 6, 2026
СВЕТ

Сите 133 кардинали пристигнаа во Рим за изборот на нов папа

Ватикан соопшти дека сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои имаат право да учествуваат во изборот на нов папа,…

May 5, 2025
СВЕТ

Венс: Војната во Украина нема да заврши наскоро

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вели дека војната во Украина нема да заврши наскоро. Според Венс, на Русите и Украинците е…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?