Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов
СПОРТ

ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов

Објавено January 10, 2026 14:44
Сподели
Сподели

Mакедонските ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски останаа без можност да судат на Европското првенство (ЕП) кое се игра од 15 јануари до 1 февруари, откако ЕХФ ја повлече нивната номинација.

Од Европската ракометна федерација соопштија дека за време на подготовките за ЕП, сите судиски двојки мора да ги исполнат барањата и да поминат фитнес тест.

Начевски и Николов се обвинети од Куќата на ракометот дека наводно го лажирале фитнес тестот и поради тоа се суспендирани од претстојното ЕП.

-Овој процес е осмислен со цел да се обезбеди физичката подготвеност на судиите и нивната усогласеност со перформансните стандарди на турнирот. Тој вклучува доставување на две видео-снимки од т.н. „Мултистејџ фитнес тест“ – едната направена осум недели, а другата четири недели пред почетокот на ЕХФ ЕУРО. Снимките ги оценува фитнес-партнерот на ЕХФ, компанијата Fitgood Pro. По доставувањето на видеата од страна на Николов и Начевски, Европската ракометна федерација кон крајот на декември беше известена дека поднесените снимки можеби биле изменети и дека не претставуваат веродостоен и целосен запис од тестот. Поради тоа, ЕХФ го подложи материјалот на дополнителна анализа од експертите на „Фитгуд Про“, а снимките беа предадени и на интегритетниот партнер на федерацијата, објавија од ЕХФ.

Од ЕХФ најавија дополнителна истрага, по што ќе објават детали.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено
Следна Статија Николоски на терен: Патиштата проодни, снегот редовно се чисти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Мекларен го освои првиот ред во Абу Даби – Норис е на пол позицијата

Мекларен направи голeм чекор кон освојување на конструкторската титула во шампионатот на Формула 1. Ландо Норис и Оскар Пјастри, го…

December 7, 2024
СПОРТ

Ѓоковиќ ја освои 100. титула во кариерата

Новак Ѓоковиќ ја освои 100. АТП-титула во кариерата откако триумфираше на турнирот во Женева. Два дена откако наполни 38 години,…

May 24, 2025
СПОРТ

Сити нуди 275 милиони евра за Јамал

Манчестер сити планира да испрати понуда за Ламин Јамал со која би го соборил светскиот рекорд, пишува шпански „Фихаес“. Понудата…

April 8, 2025
СПОРТ

Почина тренерот на Ноле со кој освои олимписки медал

Тажната вест го потресе светот на тенисот. Јован Лилиќ, тениски тренер кој работеше за српската репрезентација на Олимписките игри во…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?