Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Некрстени денови: Народни обичаи и верувања – еве што никако не смеете да правите од Божиќ до Водици!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Некрстени денови: Народни обичаи и верувања – еве што никако не смеете да правите од Божиќ до Водици!
ЗАБАВА

Некрстени денови: Народни обичаи и верувања – еве што никако не смеете да правите од Божиќ до Водици!

Објавено January 10, 2026 14:50
Сподели
Сподели

Од Божиќ, па се до Богојавление (Водици) се некрстените денови, кога по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. И водите тогаш се нечисти, опседнати со лоши духови. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите.

Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии… се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони.

Луѓето веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата.

Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце.

Коледарските и василичарските обреди под маски ги изведуваат група од млади момчиња кои се маскираат. Нив ги предводи повозрасен маж со потврдена плодоносна моќ, кој има голем и здрав род зад себе и кој е познат женкар. Младите ергени што достигнале одредена возраст 16 – 19 години мора да поминат низ овие обредни игри. Низ игрите требало да се покажат, преобразат и формираат во возрасни мажи, зрели за женење.

Маскирањето започнува откако ќе се запали голем оган, а околу него се пие и се пеат и кажуваат безобразни, т.н. мрсни песни што треба да ја подгреат атмосферата со еротски набој. Најзначајно место во групата имаат маските на зетот и на невестата. Маската на невестата треба да е многу добро направена за никој да не ја познае. Особено значење се посветува на градите и задникот кои треба да бидат големи за да предизвикуваат сексуални желби, со што се поттикнува целата природа и човекот на плодност. Често невестата е бремена или држи мало бебе.

Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање.

На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината.

Народни верувања

Се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора, со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет.

Исто така, се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере.

Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека, бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mаж пронајден починат во стан во Скопје
Следна Статија СДСМ: Сакаат да ја укинат техничката влада за да не влезат опозициски министри и да го откријат криминалот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

На волонтерите им плаќаат по 5.000 евра за да лежат во кревет 10 дена

Европската вселенска агенција (ESA) им плаќа на волонтери по 5.000 евра за 10-дневен експеримент во кој треба само да лежат…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Дали репарираните конзоли за видео игри од Тему се легитимни?

Еден маж од Орегон купи четири репарирани конзоли за видео игри од Тему и ги испита нивниот квалитет и вредност

January 20, 2026
ЗАБАВА

Еве зошто жените живеат подолго од мажите

Иако секој случај е индивидуален, а и секој регион е посебен, сепак, животниот век на луѓето во Европа и во…

March 31, 2026
ЗАБАВА

Џамбазов за Сара: Имаше очи што зборуваат…

Имаше очи што зборуваат. На земја те соборуваат. А под нив една насмевка вредна вечност. Сарке мила, ќе те паметам…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?