Убавата зимска идила од Националниот парк Галичица, која ја збогатува стадо елени во снежниот предел на планината. На видеото објавено оттаму – несекојдневна, прекрасна глетка во која е прикажан сегмент од животот на европскиот елен, кој подолг период живее и опстојува во репродуктивниот центар на паркот. Центарот е изграден во 2018/2019 година со цел да се спаси и одржи во живот овој вид диви животни.
Во 2019 година во центарот беа донесени 30 единки, од кои 24 женки и шест мажјаци.