Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аерозагадувањето во Македонија е здравствен, а не еколошки проблем, велат од О2 иницијатива
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Аерозагадувањето во Македонија е здравствен, а не еколошки проблем, велат од О2 иницијатива
ЗДРАВЈЕ

Аерозагадувањето во Македонија е здравствен, а не еколошки проблем, велат од О2 иницијатива

Објавено January 11, 2026 15:26
Сподели
Сподели

Аерозагадувањето во Македонија одамна ги надминува рамките на еколошки проблем и претставува директна и долготрајна закана по јавното здравје, укажуваат податоците за изложеноста на штетни и канцерогени загадувачки супстанции во воздухот кои ги објави О2 иницијативата.

Оттаму потсетуваат дека PM честичките, издувните гасови од дизел возилата, полицикличните ароматични јаглеводороди, бензенот, одредени тешки метали од индустријата, како и соединенијата што се ослободуваат при согорување на дрва, јаглен и нафта, се класифицирани како канцерогени од прва група од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот. Тоа значи дека постојат цврсти научни докази дека овие супстанции предизвикуваат рак кај луѓето.

Според О2, податоците за смртност поврзана со изложеност на PM2.5 честички, покажуваат дека Македонија со години се наоѓа меѓу земјите со највисоки стапки во Европа. Во 2023 година, 222 лица на 100.000 жители биле класифицирани како починати поради долготрајна изложеност на PM2.5.

И во 2025 година продолжува праксата дел од државната мрежа за мерење на квалитетот на воздухот да не функционира целосно. Во моментов, според достапните информации, не работат 39 инструменти, што претставува околу 30 отсто од вкупниот број мерни уреди. Дел од мерните станици со години немаат континуирани податоци поради недостиг на резервни делови и одржување“, велат од О2.

Оттаму додаваат дека воедно не се спроведуваат редовни мерења на тешки метали, бензен, бензо(а)пирен, хемискиот состав на PM2.5 и прекурсорските супстанции на озонот на доволен број локации, иако тоа е законска обврска. Како последица, јавноста и институциите немаат целосен увид во реалната изложеност на супстанции кои се докажано канцерогени.

Податоците кои ги споделија од О2 покажуваат дека концентрациите на PM2.5 во зимскиот период достигнуваат и до 18 пати повисоки вредности од оние препорачани за заштита на здравјето, додека надвор од грејната сезона тие се до 3,5 пати повисоки. Слична состојба е регистрирана и кај PM10 честичките, со зимски концентрации до 7,5 пати над здравствените граници.

Поразителен е податокот дека ниту Лазарополе, кое се смета за референтно чисто подрачје, не ги исполнува здравствените препораки за PM2.5 во текот на целата година.

И покрај сериозноста на состојбата, експертите укажуваат дека нема системски и континуирани мерки за намалување на загадувањето од греењето, сообраќајот, индустријата и градежништвото. Субвенциите за инвертер-клими и филтри за оџаци во Скопје се оценуваат како недоволни во однос на бројот на домаќинства што се греат на дрва, кој според пописот од 2021 година изнесува меѓу 40.000 и 55.000.

Во меѓувреме, возниот парк во земјата продолжува да старее. Од над 684.000 регистрирани возила во 2024 година, две третини се дизел, а исто толку се постари од 15 години, без забрана за увоз на возила под ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандардите.

Експертската јавност предупредува дека третирањето на аерозагадувањето како секундарна еколошка тема ја одложува примената на мерки што директно влијаат врз заштитата на здравјето на граѓаните. Без итни, законски обврзувачки и системски интервенции, изложеноста на канцерогени загадувачи ќе продолжи да има сериозни последици по јавното здравје и квалитетот на живот во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради силен ветер не работи жичарницата на Водно
Следна Статија Тошковски: Македонија не ги заборава своите херои-полициските службеници пред 26 години во Арачиново беа убиени во заседа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: Министерство за здравство ќе формира комисија за стручен надзор од експерти од странство за укажувањата од Кедев

Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен

Комисијата што беше формирана за разјаснување на сомнежите околу кардиохируршките интервенции веќе се состанала три пати и ги анализирала првите…

September 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат…

August 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Именувана нова директорка на Детска клиника Козле, д-р Катерина Бошковска

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана Катерина Бошковска,…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?