Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Возач удрил во полицаец и избегал, па бил фатен на паратина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Возач удрил во полицаец и избегал, па бил фатен на паратина
ХРОНИКА

Возач удрил во полицаец и избегал, па бил фатен на паратина

Објавено January 12, 2026 14:23
Сподели
Сподели

Шеесет и осумгодишен жител на Струмица е лишен од слобода откако со возило удрил полициски службеник и го напуштил местото на настанот на наплатна рампа кај Миладиновци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека на 11 јануари 2026 година во 18:40 часот, на наплатната станица Преод, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.П. (68) од Струмица. Приведувањето следело по настан што се случил околу 17:50 часот на наплатната станица Миладиновци, кога полициски службеници сопреле патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.П., со намера да извршат легитимирање.

Според информациите од полицијата, наместо да постапи по наредбите, возачот го стартувал возилото и удрил еден од полициските службеници, по што го напуштил местото на настанот. По преземените мерки и активности, тој бил пронајден и приведен на друга наплатна станица.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поевтинуваат јајцата
Следна Статија Гаши повика на договор за избор на Народен правобранител: Нов оглас би го блокирал процесот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Таткото на Фросина револтиран: Како може иста судијка да ги суди предметот на Васо и предметот на татко му

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор го коментираше денешното одложено рочиште од судењето против Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов, кој…

June 24, 2025
ХРОНИКА

17-годишник од Скопје сакaл да си го убие татка си

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Имено…

September 30, 2025
ХРОНИКА

Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците

На денешното рочиште за убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче се читаше исказот на Боре Видевски. Исто така, Судот…

March 26, 2025
ХРОНИКА

Притвор за 23-годишен педофил, нападнал 11-годишно дете од Желино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?