Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон

Објавено January 13, 2026 14:10
Сподели
Сподели

Судскиот совет на продолжението на 534. седница денеска едногласно со осум гласа донесе одлука да објави оглас за избор на судија на Уставен суд од редот на судиите, согласно новиот Закон за Судскиот совет што беше донесен на крајот од декември, лани.

Согласно новиот Закон за Судскиот совет, Советот по објавен оглас, од редот на судиите со најмалку 20 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на нивните вкупни резултати во работата му предлага на Собранието двајца кандидати за избор на судии на Уставниот суд на РСМ.

Огласот е за пополнување на местото на судијката Елизабета Дуковска чиј избор во 2023 година беше поништен по одлуката на Управниот суд по поднесената тужба за постапката за нејзин избор.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, во однос на расправата по пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025 за Дуковска, информираше дека тужбата е поднесена на одлуката за избор на судијката Елизабета Дуковска за член на Уставниот суд, која по одлуката на Управниот суд повеќе не е судија на Уставниот суд и тоа место сега е испразнето и, како што нагласи, треба да дадат нов предлог за уставен судија.

Камбовски, како свое мислење, рече дека од пресудата произлегува дека кога се давал предлогот од Судскиот совет се направени пропусти поради коишто е и одлуката на Управниот суд.

-Од напатстивијата на Управниот суд не е спроведена законита, транспарентна и објективна постапка по мерит систем и со почитување на законот за Судскиот совет. Мое мислење е дека треба да постапиме по новиот Закон за Судскиот совет и треба да објавиме оглас согласно член 103, кој пропишува кој се може да се јави и на тој начин ќе обезбедиме еднаков пристап за сите судии кои сакаат да се пријават. Според мене, единствен начин да постапиме по напатствијата на Управниот суд е овој- изјави Камбовски.

Џенета Бектовиќ, изјави дека се согласува со предлогот и нагласи дека во најкраток рок треба да се изврши и промена во Деловникот за работа на Судскиот совет, со оглед дека не е усогласен со новиот Закон за Судски совет.

-На тој начин нема да им се ускрати правото на претходните тројца кандидати и истовремено ќе им се даде можност на сите останати што би сакале да се пријават. Со тоа ќе се обезбеди мериторна и транспарентна постапка за избор на судија на Уставниот суд – изјави Бектовиќ.

Членот на Судскиот совет, Ивица Николовски рече дека сите денеска се, вели, со „свежа перцепција” по одлуката на Уставниот суд, но дека неговиот став е јасен и дека оваа пресуда е преседан, нагласувајќи дека “последиците ние дополнително ќе ги чувствуваме”, изразувајќи жалење што Судскиот совет пропуштил шанса да заземе став и ја наметне својата позиција.

-Конфузна и нејасна одлука со многу празнини. Ние денеска разговараме за поништена одлука за избор на друг орган, законодавниот, и денеска ние држиме жежок костен. И се согласувам ние немаме друга можност освен да постапиме по одлуката, која е правосилна – изјави Николовски.

Членот на Судскиот совет, судијката Антоанета Димовска, рече дека таа ја поднела тужбата и дека ќе ја напушти седницата, нагласувајќи дека сега повеќе не е заинтересирана за расправа по оваа точка.

Собранието на 29 декември, лани, со 73 гласа „за“и еден „воздржан“ го донесе Законот за Судски совет. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал
Следна Статија Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква,…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд…

November 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бока: Македонија веќе требаше да биде во ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат

Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Македонија во Унијата е незавршен процес. Македонија веќе требаше да биде…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милан Стефановски: Преку САД го свртевме вниманието на ЕУ кон нас

Не знам зошто во целост би ја следеле надворешната политика на ЕУ, кога ние не сме членка а од друга…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?