Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје
ЕКОНОМИЈА

Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје

Објавено January 13, 2026 14:12
Сподели
Сподели

На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Helleniq Energy“, Андреас Сиамисис, говорејќи на настан на компанијата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а информацијата дека нафтоводот почна со работа, за дописничката на МИА од Атина, ја потврдуваат и извори од грчката компанија.

Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била испорачана првата пратка, а според истите информации, во следниот период ќе следи и втората.

Извршниот директот на грчката компанија, на вчерашниот настан истакнал дека во суштина станува збор за еден вертикален коридор за снабдување со традиционални производи, со оглед на тоа што нафтоводот ќе пренесува дизел-гориво, кое е основниот производ во поширокиот регион.

Дополнително, според АНА-МПА, посочил дека работењето на нафтоводот ги олеснува извозите не само кон Северна Македонија, туку и кон соседните пазари како Косово, јужна Србија и Бугарија, со што се зајакнува геополитичкиот отпечаток на земјата во регионот.

Но, и дека се намалува значителниот сообраќаен метеж и оптоварувањето на животната средина во Солун, поради сообраќајот на цистерни, преку кои се вршеше снабдувањето во изминатите 13 години, односно во периодот кога работата на нафтоводот беше прекината.

Премиерот Христијан Мицкоски на крајот на ноември рече дека Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, којшто со години не е во функција и најави дека се очекува нафтоводот да почне со работа.

-Ние како држава ги спроведуваме сите чекори тој продуктовод, којшто долги години беше уништуван и којшто беше конзервиран, да биде ставен во функција. Траат испитувањата, мислам дека е веќе завршено. Треба да почнат пробите на притисок, ако не се веќе и почнати. Знам на Влада помина и ценовникот. Така што очекувам оваа година тој продуктовод да биде ставен во функција, изјави Мицкоски на крајот на ноември и посочи дека по ставањето во функција на продуктовод од Солун до Скопје компаниите се тие кои доколку најдат интерес да го користат, бидејќи како Влада не можат да го водат бизнисот на сметка на приватните компании или акционерски друштва.

Пред две години, во интервју за „Катимерини“, извршниот директор на „Helleniq Energy“, Сиамисис, говорејќи за нафтоводот посочи дека може годишно да пренесува 2,5 милиони тони сурова нафта и нафтени деривати (дизел, керозин и бензин).

Нафтоводот беше неактивен од 2013 година, а од 2020 година се интензивираа напорите кога беше формирана заедничка комисија за да изнајде области на поклопување меѓу инволвираните страни, во поповолна средина, за повторно да биде ставен во функција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон
Следна Статија Татко ја допирал по телото неговата 13-годишна ќерка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании

Илон Маск официјално ги спои SpaceX и xAI, создавајќи единствен корпоративен ентитет кој, според проценките, станува највредната приватна компанија во…

February 3, 2026

Тајван одлучно одбива американски предлог за негова индустрија на чипови

Тајван јасно укажува дека планот на САД за преместување на 40% од неговиот полупроводнички синџир на снабдување е неостварлив

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Напори за инфлација под три проценти, охрабрувачки сигнали од Владата

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти,…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поради слаба продажба, Мерцедес се откажува од своите нови електрични модели

Германскиот автомобилски производител Мерцедес - Бенц ќе го запре производството на електричните модели EQE и EQE SUV веќе следната година,…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?