Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска
ПОЛИТИКА

Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска

Објавено January 14, 2026 07:34
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ја свика втората седница на Генералниот совет.

На оваа седница се разговараше опширно за актуелните политички случувања во земјата, односите и релациите со другите политички партии, како и за најавената средба на политичките лидери.

Генералниот совет, со целосен консензус, донесе одлука претседателот Али Ахмети да учествува на средбата на лидерите, со што уште еднаш се потврдува дека Демократската унија за интеграција останува сериозна, одговорна и државотворна политичка партија, која континуирано го негува политичкиот дијалог и се залага за градење консензус околу клучните политички и економски прашања во земјата.

Во рамките на своите статутарни надлежности, претседателот Ахмети ќе има ексклузивна надлежност за отворање и третирање на теми кои се од витално и стратешко значење за државата, а кои се однесуваат на европската перспектива, политичката стабилност и одржливиот економски развој.

Воедно, Генералниот совет на Демократската унија за интеграција упатува повик до сите политички партии во земјата кои се блиски до визијата на ДУИ, како и до интелектуалните, општествените и професионалните капацитети, да ѝ се приклучат на Демократската унија за интеграција и да станат дел од нашиот политички формациски состав.

ДУИ останува отворена за инкорпорирање и апсорбирање на целиот интелектуален и политички потенцијал во земјата, со цел унапредување на политиките и визијата што се во интерес на државата и на сите граѓани без разлика.

Оттука, овој повик е упатен до сите политички субјекти, општествени, интелектуални и професионални асоцијации, да станат дел од Демократската унија за интеграција и од нашата заедничка визија за стабилна, демократска и развиена држава, стои во соопштението на ДУИ испратено до медиумите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДОМ: Конкретни решенија за една изборна единица, а не само декларативност
Следна Статија Николоски: Техничката Влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постојат директни сведоштва кои укажуваат на голема инвестиција на поранешниот премиер Зоран Заев во Дубаи, каде, според…

December 25, 2025
ПОЛИТИКА

Ганиу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена”

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вчера пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрлиле ѓубре и шут што…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче спрема бојкот на изборите за да ја спаси фотелјата, велат од ЗНАМ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска го обвинити опозицискиот СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче за длабоко неодговорен,…

April 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?