Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новите членови на Судскиот совет дадоа Свечена изјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новите членови на Судскиот совет дадоа Свечена изјава
МАКЕДОНИЈА

Новите членови на Судскиот совет дадоа Свечена изјава

Објавено January 15, 2026 11:59
Сподели
Сподели

Денеска, во Охридската сала на Собранието, Сузана Јошевска- Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, членови на Судскиот совет на Република Македонија, дадoa свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, завчера во Собранието беа избрани за членки на Судскиот совет по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во образложението во Собранието, истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет.

Според неа, регрутирањето лица посветени на правото, стручни и компетентни во областа, ќе придонесе за воспоставување исти критериуми и при изборот на судиите, зголемување на нивната одговорност, како и за добивање аргументирани извештаи од Судскиот совет со конкретни предлози за надминување на проблемите во правосудството, што ќе значи исчекор во реформите.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.

Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор, додека на претседателот на Врховниот суд и на министер за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.

FacebookTwitterCopy LinkShare
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стратешкиот сојуз меѓу Епл и Гугл во областа на вештачката интелигенција: Нова ера на иновации
Следна Статија Истрага во Правосудниот Оддел на САД за Џеј Пауел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил

Тодор Кулаков, таткото на младата Фросина која пред недела дена загина во трагична сообраќајна несреќа, вечерва во Дневникот на Сител…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Само дома си е дома

Премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Македонија наутро“ на МРТ изјави дека за време на периодот на транзицијата во…

April 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

По една деценија застој, зградите кај Ректоратот добиваат нов живот – ќе ги користи ФИНКИ

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чија изградба е стопирана повеќе од една…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?