Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трговците се алчни, прво во септември ги зголемија, па ги намалија цените во октомври и пак останаа со ист профит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трговците се алчни, прво во септември ги зголемија, па ги намалија цените во октомври и пак останаа со ист профит
ЕКОНОМИЈА

Трговците се алчни, прво во септември ги зголемија, па ги намалија цените во октомври и пак останаа со ист профит

Објавено October 25, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка. Како што истакна тој, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат.

ССМ не очекува многу и од Законот за нефер трговски практики затоа што, според Трендафилов, Инспекторатот кубури со луѓе и не може да исконтролира огромен број трговци.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со Законот за нефер трговски практики, најави казни по Нова година. Дотогаш ќе се изрекуваат само опомени. Комисијата за заштита од конкуренција ќе има пет членови, а тројца ќе бидат дел од посебен сектор кој ќе се занимава само со прекршоци.

-Вкупно 47 производи од синдикалната кошничка беа опфатени со есенската. За жал, трговците го искористија перидот кога мерката се најавуваше и ги зголемија цените па синдикалната кошничка во делот на храната и пијалаците за септември беше зголемена за околу 750 денари, а сега, за октомври, е намалена за 960 денари. Трговците беа алчни, на грбот на работниците повторно се обидуваат да заработуваат. Зголемените цени во септември само ги намалија во октомври и повторно останаа со истиот профит. Сметам дека Владата треба да преземе поригорозни чекори за да ги спречи ваквите појави. Чекаме да профункционира и ограничувањето на маржите со Законот за нефер трговски практики, но слаб е настапот на Инспекторатот, не зашто не сака, туку зашто има многу мал број луѓе за да исконтролира огромен број трговци, истакна претседателот на ССМ.

Тој напомена дека Владата треба да го вклучи ССМ во креирањето на новите мерки за ограничување на маржите.

-Две третини од тоа што Владата предвиде, е од минималната синдикална кошничка, а ние ја пресметуваме и најдобро знаеме што е потребно, нагласи Трендафилов.

Според министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, откако е донесен Законот за нефер трговски практики, се следи ситуацијата на терен.

-До крајот на годинава им дадовме време на добавувачите да ги усогласат цените, а по Нова Година, ќе се пишуваат казни. Дотогаш ќе има опомени и советувања за тоа како да ги прават договорите согласно Законот за нефер трговски практики. И Комисијата и секторот ќе ги разгледуваат овие договори што ќе ги склучуваат добавувачите и откупувачите. Мислам дека ќе се контролираат многу добро. Пример е Хрватска каде исто така е формирана Комисија за заштита од конкуренција од пет члена и функционира многу добро. Откога е донесен Законот за нефер трговски практики, ние сме на терен. Реализирани се состаноци со трговците, проиозводителите и дистрибутерите, ги слушнавме нивните маки, со што се соочуваат. Ако треба, за да функционират како што треба, во наредниот период ќе се додадат и нови членови. Законот е нов и затоа ги слушаме нивните забелешки, истакна Дурмиши.

Министерот Дурмиши и Трендафилов присуствуваа на настанот по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме
Следна Статија Тошковски: Ги реновираме просториите за издавање лични документи во Скопје, ќе понудиме побрзи и поефикасни услуги

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Соларниот парк „Стипион“ ќе произведува струја за цел еден град

Изградбата на соларниот парк „Стипион“ кај Штип, ќе  произведува струја за цел еден град, а со тоа ќе придонесе за…

March 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави Мицкоски

Брзата пруга во Коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави на денешниот брифинг со новинарите премиерот…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во поведена прекршочна постапка донесе решение за изрекување на…

May 23, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?