Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жерновски нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и за меѓународните политики, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Жерновски нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и за меѓународните политики, реагира ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Жерновски нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и за меѓународните политики, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено January 15, 2026 15:25
Сподели
Сподели

Андреј Жерновски неуспешен дипломат, неакредитиран амбасадор, очаен градоначалник, нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и за меѓународните политики на Владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Паметиме дека додека тој беше заменик министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев, државата го промени името. Ако тоа е успех, нека му служи на чест“, се вели во соопштението.

Жерновски денеска иронично говори дека Македонија ќе ги задржи младите дома, поради паузата на САД за имигрантските визи, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Жерновски не беше вака хумористичен кога добиваше по 1.000 евра месечно како проектен менаџер за изградба на Клиничкиот центар во Штип, за којшто беа обезбедени средства од минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но СДСМ не успеа да ја изгради. Изгледа тогаш му одговарало на Жерновски да го полни својот џеб од парите на граѓаните, а притоа ништо да не работи“, се вели во соопштениети.

Жерновски, како Заев и Венко Филипче, треба да биде во минатото на политиката, а не „ново лице” на СДСМ, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски на Фејсбук објави дека премиерот Мицкоски конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи.

„Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции. Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да останат дома. Од друга страна, под нејзино водство, Македонија завршува на листа на земји за кои САД ја суспендираат имигрантската политика. Ако ова е планот – тогаш навистина функционира: не заминуваш затоа што сакаш, туку затоа што не можеш“, објави, меѓу другото Жерновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Следна Статија Уапсен кумановец кој имал 28 универзални клучеви за отворање брави

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Трајчулески: ДУИ и Груевски се обидуваат да предизвикаат политичка криза пред локалните избори

Митко Трајчулески, пратеникот од СДСМ, во гостувањето на Само Вистина на Канал 5 изјави дека ДУИ е свесен дека ќе…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да ги злоупотребува Албанците за да се спаси од криминалните активности

ДУИ наместо да почнат да делуваат како реална опозиција, тие се занимаваат со пишување писма, реагира ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека писмата…

December 7, 2024
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се борат за градоначалничкото место во Скопје во вториот круг

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски како првопласиран, со добиени 39,43 проценти од гласовите и претенднтот на Левица Амар Мециновиќ кој…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Каја е чесна и работлива, глас за неа е глас за чисто Скопје

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје,…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?