Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден
СПОРТ

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден

Објавено January 17, 2026 09:49
Сподели
Сподели

Во првиот дуел на Европското првенство македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија.

По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија.

Тој се осврна и на отсуството на двајцата искусни ракометари Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои не беа во записникот на дуелот со Данска.

-Причината за нивното отсуство се ситни повреди и во разговор со играчите и медицинските лица и стручниот штаб е донесена одлука да не настапат. Да беа здрави сигурно ќе играа, тие имаат добра сезона и се надевам дека ќе бидат подготвени за неделниот дуел со Португалија, изјави Лазаров.

Нашиот следен ривал шампионатот го почна со победа над Романија со 40:34 во натпревар во кој во целиот тек имаа водство. Натпреварот на македонските и португалските ракометари се игра во недела во Хернинг со почеток во 18 часот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 3 работи што епизодата ‘8:00 AM’ на ‘Пит’ ги постигна точно за ВИ во медицината, и една големa грешка
Следна Статија Споредба на Animal Crossing: New Horizons – Nintendo Switch 2 Edition vs. оригинален Switch

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонските ракометари се пласираа на СП 2027 во Германија

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија. Македонските ракометари вечерва славеа…

May 17, 2026
СПОРТ

Русија најави враќање на Олимписките игри во Лос Анџелес

Новата претседателка на Меѓународниот олимписки комитет Кирсти Ковентри (41) веќе најави дека нејзиниот мандат ќе се базира на желбата земјите…

April 14, 2025
СПОРТ

Стојановски: Без разлика на каков терен ќе играме, ние сме подготвени

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе му гостува на Казахстан во својот четврти натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026. „Црвено-жолтите“…

June 8, 2025
СПОРТ

Финалето на ЛШ во 2027 ќе се одигра на стадионот на Атлетико Мадрид

Финалниот натпревар од фудбалската Лига на шампиони во 2027 година ќе се одигра на стадионот на Атлетико Мадрид, објави денеска…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?