Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските ракометари на мегдан против Португалија
СПОРТ

Македонските ракометари на мегдан против Португалија

Објавено January 18, 2026 10:52
Сподели
Сподели

По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска, македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство. Противник ни е Португалија, репрезентација која во првото коло ја совлада Романија. Фаворитската улога ја има Португалија која на последните големи натпреварувања постигнува добри резултати, а на последниот европски шампионат беше пласирана на седмото место, додека во 2020 година го освои шестото место што е нивни најдобар резултат на првенствата.

И за двете репрезентации ова е деветто европско првенство, а македонската најдобриот пласман во постигна 2012 година со освојувањето на петтото место.

– Ќе се потрудиме да одиграме подобро од првиот натпревар и секако да им го „расипеме“ планот дека ќе се борат за медал, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Овие две репрезентации имаат одиграно десет меѓусебни дуели и сите во квалификации за Европско првенство, а ова ќе биде прв натпревар на големо натпреварување. Последните два натпревара ги доби Португалија кои беа одиграни во март 2023 година. Но, македонските ракометари имаат остварено триумфи против Португалија, кои значеле и пласман на големи натпреварувања, а елиминација на противникот.

Се очекува и на денешниот натпревар македонските навивачи да бидат поддршка за македонскиот национален тим.

Натпреварот во Хернинг почнува во 18 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Од Кичево до Охрид ќе се патува низ галерии, најави Коце Трајановски
Следна Статија Ќе присуствува и Мицкоски: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Видео: Оклахома на една победа од историскиот прв трофеј во НБА-лигата

Тандер славеа со 120:109 на домашен терен во петтиот натпревар од финалната серија и сега водат со 3:2. Најефикасен кошаркар…

June 17, 2025
СПОРТ

Јамал може да заврши на суд оти на 18. роденден повикал џуџиња да ги забавуваат гостите

Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал минатиот викенд го прослави својот 18-ти роденден на Ибица. Ѕвездата на Барселона на прославата ги покани…

July 15, 2025
СПОРТ

Ристовски се сели во Турција

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, ќе го напушти Динамо Загреб. „Спортске новости“ пишуваат дека кариерата ќе…

June 21, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Трогателни сцени на погребот на Диого Жота и Андре Силва

Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва го потресе целиот свет, особено спортските фанови… Денес беше погребот на…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?