Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата се за тоа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата се за тоа
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата се за тоа

Објавено January 18, 2026 16:19
Сподели
Сподели

„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот.

Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Охрид подготвен за Водици – Голем број гости се дојдени во градот
Следна Статија Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Наредна недела ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја одржа првата седница на Координативно тело на градоначалници, нагласувајќи дека по повеќе од…

November 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес го славиме празникот посветен на Свети Јован Крстител – вечерва замислете три желби

Свети Јован Крстител е меѓу најпочитуваните светци. Неговиот ден се слави неколку пати во црковниот календар секоја година. Тој е…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова имала пријатен разговор со Жељазков во Хаг, но е изненадена од амандманите на бугарските европратеници на извештајот на Вајц

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за напредокот…

June 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?