Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Народните верувања за љубовта – верувате или не?!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Народните верувања за љубовта – верувате или не?!
ЗАБАВА

Народните верувања за љубовта – верувате или не?!

Објавено October 25, 2024 18:08
Сподели
Сподели

Народните верувања за љубовта секогаш се интересна тема, без разлика дали верувате во нив или не. Се сметало дека одредени настани можат да ви ја предодредат судбината при пронаоѓањето идеален партнер, а народот навистина верувал во тоа. Еве во што верувал народот порано…

1. Кога двајца ќе се судрат со главите при обид да подигнат нешто, ќе се засакаат!

2. Ако секогаш успеваш да изедеш сè во чинијата, ќе имаш убав маж или жена.

3. Кога ќе ти се закачи некоја гранка, тоа е знак дека некој те обожава. Не треба да ја газиш гранката, туку да ја отстраниш со рака.

4. Розата од чија средина расте пупка се вика свршеничка роза. Ако ја пронајдеш, тоа значи дека набрзо ќе се венчаш.

5. Ако ти се закачи трн за фустанот, тоа е знак дека наскоро ќе одиш на свадба.

6. За да ги избркаш непожелните додворувачи, носи цвет од рен со себе.

7. Изеди ја првата темјанушка што ќе ја пронајдеш напролет, бидејќи така цела година ќе те сакаат твоите најблиски.

8. Кога ќе видиш дека стрелките на часовникот се поклопиле, некој мисли на тебе.

9. Ако најдеш јајце со две жолчки, некој ќе се венча наскоро.

10. Ако најдеш бел конец во гардеробата, некој црн маж/девојка мисли на тебе и обратно!

11. Ако ти падне нож и се забодеш, ќе доживееш неверство од личноста што ја сакаш.

12. Немој да го менуваш свршеничкиот прстен за да не ти се наруши животот.

13. Ако на денот на венчавката врне, невестата многу ќе плаче за време на тој брак.

14. Момчето не смее да ѝ подарува обетки на девојка му, бидејќи така нивната врска набрзо ќе заврши.

15. Се верува дека времето на двајца вљубени им е одбројано, ако едниот од нив му подари часовник на другиот.

16. Младоженецот не смее да ја види невестата во венчаница пред свадбата, бидејќи тоа ќе им донесе несреќа во бракот.

17. Невестата не смее самата да си ја шие венчаницата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 42-годишен битолчанец грабнал девојка и ја тепал во викендичка
Следна Статија Oва се Србите од Франција кои украдоа бебе од инкубатор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Крстот на синџирчето на Цеца има големо значење

Жељко Ражнатовиќ Аркан обожавал да ја краси својата сопруга Цеца Ражнатовиќ со скапи ланчиња, алки и прстени. Командантот на Српската…

May 19, 2025
ЗАБАВА

На свадба во Венеција – како ќе изгледа венчавката на еден од најбогатите луѓе во светот

Градското собрание на Венеција ги осуди лажните извештаи за претстојната венчавка на американскиот милијардер Џеф Безос со Лорен Санчез. Тврдат…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Пророштвото на Нострадамус за 2025 година

Нострадамус и неговите пророштва и денес привлекуваат внимание, а има многумина кои веруваат дека тој навистина гледал далеку во иднината.…

December 5, 2024
ЗАБАВА

Морето исфрлило на брегот чудно суштество, изгледа како вонземјанин (ФОТО)

Корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани од фотографиите на „чудно суштество со пипала“, кое морето го исфрли на брегот на…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?