Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стармер: Велика Британија нема да попушти пред притисоците на Трамп за Гренланд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Стармер: Велика Британија нема да попушти пред притисоците на Трамп за Гренланд
СВЕТ

Стармер: Велика Британија нема да попушти пред притисоците на Трамп за Гренланд

Објавено January 21, 2026 18:51
Сподели
Сподели

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека нема да попушти под притисокот на Доналд Трамп и нагласи дека Обединетото Кралство ќе продолжи да му дава поддршка на Гренланд, кој е соочен со желбата на американскиот претседател да ја присвои оваа данска територија.

Нема да попуштам. Обединетото Кралство нема да отстапи од своите принципи и вредности, ниту во однос на иднината на Гренланд под закана со царини, рече Стармер пред пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент.

Тој најави дека утре ќе се сретне со данската премиерка Мете Фредериксен на билатерални разговори.

Во однос на архипелагот Чагос, претседателот Трамп вчера употреби поинаква реторика во споредба со зборовите за поддршка што ги користеше кога го запознав во Белата куќа. Таквата реторика ја користи за да изврши притисок врз мене и врз Обединетото Кралство. Тој сака да ме присили да се откажам, но јас нема да отстапам, истакна Стармер.

Американскиот претседател вчера го оцени британскиот договор за отстапување на суверенитетот над атолите Диего Гарсија на Маврициус како „чин на целосна слабост“. Трамп додаде дека тоа е „уште една во долгата низа национално-безбедносни причини поради кои Гренланд мора да биде преземен“.

На островот Диего Гарсија се наоѓа стратешки важна американско-британска воздушна база во Индискиот Океан.

Велика Британија и Маврициус минатата година постигнаа договор за пренос на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус, при што на Британија ѝ е дозволено да ја задржи контролата врз воздушната база врз основа на долгорочен закуп. Овој договор претходно беше поддржан од американската администрација во мај минатата година, кога беше поздравена соработката за обезбедување на долгорочната работа на заедничката воена база.

Склучувањето на договорот беше одложено по инаугурацијата на Трамп во јануари 2025 година, бидејќи Лондон сакаше да и даде време на новата администрација да ги испита деталите.

Трамп вчера на својата социјална мрежа „Трут Соушл напиша: „Шокантно е што нашиот ‘брилијантен’ сојузник во НАТО, Обединетото Кралство, во моментов планира да му го предаде островот Диего Гарсија, локација на витална американска воена база, на Маврициус, и тоа БЕЗ НИКАКВА ПРИЧИНА“.

Тој исто така додаде дека нема сомнеж оти Кина и Русија го забележале овој потег на Велика Британија.

Согласно одредбите од договорот потпишан во мај 2025 година, Обединетото Кралство ќе го врати архипелагот Чагос на Маврициус, но ќе задржи 99-годишен закуп на главниот остров Диего Гарсија за да ја одржи заедничката воена база во овој стратешки важен регион.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шилегов со барање до Филипче: Време е за лично заминување
Следна Статија Николоски: Интензивно се работи на Коридорот 8

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Рекорд: Кори Букер оддржа 25-часовен говор во Сенатот против Трамп

Американскиот сенатор Кори Букер го собори рекордот за најдолг говор одржан во Сенатот, објавија медиуми. Маратонското обраќање на демократот од…

April 2, 2025
СВЕТ

(Видео) Украина лансираше моќно оружје кон срцето на Русија, затворени аеродроми поради масовен напад

Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала во Москва, што е најголемиот напад со украински беспилотни летала досега. Поради…

November 10, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Нереална сцена: Снег падна во Саудиска Арабија

Временските услови од ден на ден изненадуваат, а најновиот спектакл доаѓа од Саудиска Арабија, каде социјалните мрежи се преплавени со…

November 3, 2024
СВЕТ

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор откако ја напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?