Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер
БАЛКАН

Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со руски министер

Објавено October 25, 2024 22:45
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за време на нејзината посета на Белград, а причина беше неговата денешна средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков, јави Н1 Хрватска повикувајќи се на белградски медиуми.

Фон дер Лајен пристигна во Белград во рамките на својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, а претходно денеска, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека длабоко верува оти иднината на Србија е во Европската Унија, но конкретно не го процени времето на можниот прием, нагласувајќи дека тоа е „процес на усогласување со ЕУ, кој го дефинира процесот на пристапување“ на секоја земја поединечно.

Откажувањето на средбата Фон дер Лајен-Вучевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдил портпаролот на ЕК Ерик Мамер, а за АФП шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

– Го откажавме состанокот со (српскиот) премиер по (неговиот) состанок со министерот за економија на Руската Федерација, додаде Жофре и, според извештајот на агенцијата Бета, изјави дека „таму била назначена намерата на Србија да ги зајакне своите економски односи во други области со Руската Федерација“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ги повика граѓанските организации да учествуваат во градењето на поквалитетен национален образовен систем
Следна Статија Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до крајот на годината во Софија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Македонија ќе ја води истагата за инцидентот во авионот на Рајанер

Откако авионот „Боинг 737“ на авиокомпанијата „Рајанер“ се врати во Солун со сериозно оштетување на десниот мотор и скршено прозорско…

July 11, 2026
БАЛКАН

Додик: Не можат да ме уапсат, ме чуваат добро обучени специјалци

Претседателот на Република Српска Милорад Додиќ изјави дека во секоја друга земја се чувствува побезбедно отколку во БиХ, но и…

April 18, 2025
БАЛКАН

Британски медиуми: Албанија наскоро би можела да ја престигне Хрватска и да има дури 30 милиони туристи

Британскиот „Експрес“ објави дека албанската влада очекува земјата да прими повеќе од 30 милиони туристи до 2030 година. Во 2015…

June 3, 2025
БАЛКАН

Србинка се удави во Ханиоти

Седумдесет и седумгодишна државјанка на Србија е извлечена без знаци на живот од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, јавува…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?