Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Превозниците утре напладне ќе ги блокираат граничните премини поради Шенген-правилата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Превозниците утре напладне ќе ги блокираат граничните премини поради Шенген-правилата
ЕКОНОМИЈА

Превозниците утре напладне ќе ги блокираат граничните премини поради Шенген-правилата

Објавено January 25, 2026 16:09
Сподели
Сподели

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора утре на пладне започнуваат протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила, сè до надминување на проблемот со евиденцијата на престојот на возачите во Шенген- зоната.

Од асоцијацијата „Макамтранс“ информираа дека ќе бидат блокирани граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење, при што ќе се затворат граничните терминали и коловозните ленти исклучиво за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено.

Протестот за излез од државата ќе започне во 12:00 часот, а за влез во 24:00 часот, со цел домашните превозници што се враќаат да стигнат до своите бази. Блокадата може да трае еден ден, доколку има соодветен одговор од Европската Унија, во спротивно, најавено е дека ќе трае до седум дена.

Во договор со здруженијата од регионот, ќе биде дозволен премин само за возилата што превезуваат лекови, жива стока, муниција и експлозив. Протестот, по барање на организаторите, ќе го обезбедува полицијата.

Претседателката на асоцијацијата „Макамтранс“, Билјана Муратовска, предупредува дека новите правила претставуваат директен удар врз транспортниот сектор и врз економијата.

– Возачите се третирани како криминалци – ги приведуваат, ги депортираат, а камионите остануваат необезбедени. Сите трошоци паѓаат на товар на превозниците. Ова е неодржливо и е потребна итна реакција од Брисел – изјави Муратовска.

Таа додава дека исполнувањето на барањата на превозниците би значело пониски трошоци, поголема конкурентност и стабилност на регионалната економија, нагласувајќи дека Западен Балкан не смее да биде тесно грло на европските транспортни коридори.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека Владата целосно го разбира револтот на превозниците и веќе една година разговара со Европската комисија за надминување на проблемот.

– Формално правилата се исти, но практично не се. Превозниците не се туристи, туку луѓе што работат и транзитираат низ ЕУ. Ова ќе значи смрт за транспортниот сектор и сериозен удар за извозната економија – истакна Николоски, апелирајќи до ЕУ за одложување на примената на новиот систем.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, предупреди дека новите правила ќе имаат исклучително негативно влијание врз бизнисот и врз странските инвестиции.

– Новите правила не решаваат ништо за ЕУ, а кај нас создаваат сериозни проблеми. Реакциите ќе се шират во сите погодени земји. Очекувам повлекување на одлуката, иако не брзо – изјави Азески, додавајќи дека странските инвеститори веќе реагираат остро.

Слични пораки доаѓаат и од превозниците од регионот. Српските транспортери предупредуваат дека ЕЕС-системот ќе ја парализира меѓународната логистика, додека од Босна и Херцеговина велат дека веќе се депортирани десетици возачи поради надминување на дозволениот престој. Црногорските превозници порачуваат дека без итно решение, „транспортниот бизнис ќе стане неисплатлив“.

Од „Макамтранс“ апелираат за солидарност и за поддршка од целата јавност.

– Превозниците не бараат привилегии, туку фер услови за работа и еднаков третман. Ова е тест за европската солидарност – порачуваат од асоцијацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На гробиштата во Ѓорче Петров се степале за паркинг
Следна Статија Пијана кавадарчанка со остар предмет го повредила сопругот, по што била приведена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 600 прехрамбени производи ќе се најдат на новогодишната кошничка

Во новогодишната кошничка списокот ќе биде надополнет со нови, сезонски производи при што граѓаните треба да очекуваат . Овој пат…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поевтини горива

Од полноќ горивата ќе бидат со нова цена: Дизелот се намалува од 74,5 денари на 73 денари. Бензинот 95 се…

February 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение

Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста…

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За мерката млад земјоделец има 117 апликанти со вредност од 70 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево во Општина Кисела…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?