Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција
БАЛКАН

(ВИДЕО) Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција

Објавено January 25, 2026 16:26
Сподели
Сподели

Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето во грчкиот град Патра, биле откриени над 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис во вредност од 1,7 милиони евра, за што уапсени се две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, при контрола извршена од припадници на Регионалната единица за борба против дрога на пристаништето во Патра на товарно возило (со полуприколка) управувано од 49-годишен грчки државјанин и „по индикација од службеното куче за детекција на наркотични супстанции на Крајбрежната стража „Мезкал“, во кабината на возачот беа пронајдени внимателно скриени 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 22,693 килограми“.

При понатамошна контрола, во товарниот простор на полуприколката биле пронајдени 163 пластични пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 133,669 килограми, како и уште 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 21,942 килограми.

За дрогата бил уапсен возачот на камионот, како и уште едно лице, грчки државјанин кој требало да преземе дел од наведените наркотични супстанции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се основа „британско ФБИ“
Следна Статија Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Самарас исфрлен од „Нова демократија“

Поранешниот премиер Андонис Самарас (73) е исклучен од владејачката партија Нова демократија бидејќи ги критикувал одлуките на владата за односите…

November 17, 2024
БАЛКАН

Рама за Путин: Благодарение на него и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан е потребен на ЕУ

Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство…

October 15, 2024
БАЛКАН

Поградец за некоја година ќе го престигне Охрид: За Македонците веќе и во Албанија е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега…

June 8, 2025
БАЛКАН

Србија: бебињата близнаци на возраст од еден месец починаа по тешката сообраќајка

Двете бебиња близнаци кои имаа само еден месец, им подлегнаа на повредите по тешката несреќа што се случи вчера во…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?