Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
ЕКОНОМИЈА

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната

Објавено January 26, 2026 10:12
Сподели
Сподели

Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна.

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

Николоски рече дека во разговорите во Брисел како пример навел дека е голема веројатноста за зголемување на цената на превозот за 5 проценти, со што домашните производи ќе станат неконкуретни на европскиот пазар.

 

-Системот за влез и излез (ЕЕС) на ЕУ не воведува никакви нови барања во врска со краткиот престој во шенген-зоната, изјави на 19. овој месец портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, Маркус Ламерт, во врска со тврдењата на здруженијата на превозниците од Западниот Балкан дека ЕЕС „во основа ги остава нивните работници и возачи без работа“ поради што се најавени блокади на граничните премини меѓу балканските земји и шенген-зоната за 26 јануари.

 

Она што го прави ЕЕС е да обезбеди подобро спроведување на постојните правила и систематско откривање на неправилности, рече Ламерт нагласувајќи дека ЕК внимателно го следи прашањето за најавите на превозниците и е во контакт со партнерите од Западниот Балкан.

 

Ламерт потенцира дека со ЕЕС не се воведени никакви измени во однос на постојните правила за престој во шенген-зоната.

 

– Според правилата, државјани на трети земји без виза имаат право да останат во шенген-зоната вкупно 90 дена во кој било период од 180 дена. Сè што е надвор од ова мора да биде покриено со виза за долг престој или со дозвола издадена од земја членка, рече Ламерт.

Тој додаде дека шенген-правилата веќе им даваат флексибилност на превозниците, особено на оние што често ја преминуваат границата на ист премин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Куче-душкач открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра во Грција
Следна Статија Родос и Фату всушност немаа меч на Saturday Night’s Main Event, и тоа беше одлично

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП со засилени контроли: Таксисти издавајте фискални сметки

Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто- такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

За петок повторно е најавен бојкот на маркетите

Повиците за бојкот на маркетите во петок повторно почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи и се поради високите цени,…

February 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов…

November 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините, дизелот без промена

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?