Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата
МАКЕДОНИЈА

Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата

Објавено January 26, 2026 11:48
Сподели
Сподели

Враќање на довербата во институцијата народен правобранител, соработка и кадровска екипираност ќе бидат во фокусот на новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами, кој денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод стапувањето на функцијата.

Претседателот на Собранието, Гаши, му ја честита функцијата на Селами посакувајќи му успех и порача да биде во служба на народот, да ги брани правата на сите граѓни, без разлика на нивната етничка, религиозна и партиска припадност.

– Да им се заблагодарам на сите пратеници, и на тие од немнозинските заедници, кои сите заедно во петокот застанавме, пред сè, во деблокирање на една многу важна функција како што е народниот правобранител. Мислам дека тоа е единствениот начин како треба да работиме во Собранието, отворено, преку дијалог, изнаоѓајќи решенија што се во интерес на сите граѓани – изјави Гаши.

Селами истакна дека ја прифаќа функцијата, се заблагодари за укажаната доверба и соопшти дека ќе работи професионално, непристрасно, со највисока посветеност кон граѓаните, со почитување на Уставот и законите.

Тој информира дека негов приоритет е да се врати довербата во институцијата народен правобранител.

– Во тој правец ќе работиме со сите релевантни фактори, со Собранието и со Владата за првин да се направи кадровска екипираност на институцијата народен правобранител. Таа институција кадровски е преполовена, а нè очекува избор на осум заменици на народниот правобранител. Имам информација дека има еден предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за народниот правобранител, кој ќе треба да го видиме уште еднаш со стручните служби и во соработка со Собранието на Северна Македонија во најбрз можен рок да ги поминеме тие законски измени. Тоа се приоритетите – нагласи Селами.

На новинарско прашање дека институцијата Народен правобранител најчесто се соочувала со немање слух кај другите институции и како ќе се справат со тоа, Селами вели дека тоа е предвидено во измените од Законот за народниот правобранител, односно, како што рече, да има можност да изрекува и прекршоци.

– Сега единствена алатка ни се медиумите. Со препораки, со јавен укор и во соработка со медиумите. Мислам дека ќе треба во законските измени да има и прекршочни одредби доколку со друг начин не може да се почитуваат препораките на народниот правобранител – појасни Селами.

Фатон Селами доаѓа на местото на поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој на 12 јули 2025 година го заврши мандатот поради исполнување услови за пензионирање.

Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит.

Мандатот на народниот правобранител трае осум години, со можност за уште еден повторен избор во согласност со Законот и процедурите на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД ќе вложат 1,6 милијарди долари во рударска компанија за ретки земји
Следна Статија Технолошки гиганти се подготвуваат за извештаите за четвртиот квартал: Анализа на Apple, Microsoft, Tesla и Meta

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат, соопштија од Транспорт

Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Сите патни правци каде што паѓа снег…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пола милијарда евра за проекти во општините, околу 11 до 12 милиони евра за Куманово

Од централниот буџет предвидени се пола милијарда евра за прокти во општините, од кои 11 до 12 милиони евра за…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кошта: Албанија и Црна Гора се понапредни, би можеле да се приклучат кон ЕУ пред другите

Албанија и Црна Гора очигледно се понапредни од другите земји и би можеле да се приклучат кон Европската Унија пред…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Министерството веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малески во Струга

Министерот за култура Зоран Љутков вчера во Струга изјави дека Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?