Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски пред пратениците откри за што се разговорало во Давос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски пред пратениците откри за што се разговорало во Давос
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски пред пратениците откри за што се разговорало во Давос

Објавено January 29, 2026 14:04
Сподели
Сподели

Во текот на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање упатено до него за придобивките кои се очекуваат за Македонија од средбите и разговорите кои се остварија на светскиот економски форум во Давос.

Тој посочи дека како премиер нема да пропушти два настани од меѓународен карактер, а тоа се форумот во Давос и Минхенската безбедносна конференција.

„Првиот е настан во кој што не само светската политичка, за мене поважно, бизнис елита но и луѓе од науката, испраќаат пораки со кои што ги определуваат чекорите како светот и човештвото ќе се развива во следната декада, две три. И ние како држава на тие настани, на кои тие ги испраќаа, тие пораки бевме присутни, а јас лично бев говорник на три панели, на кои имав сопствена контрибуција. Тоа е значењето на првата. Повеќе геостратешка и политичка е таа во Минхен, на која ќе бидеме исто така како владина делегација, од 12.02 до 15.02. Ценам дека овие два настани како држава не смееме да ги пропуштиме. Без разлика кој е претседател на Влада, кога ќе заминам јас, кога ќе дојде некој по мене, тоа ќе биде првиот совет кој што ќе му го дадам“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека следната година ќе мора да има поголема бизнис делегација во Давос, бидејќи тоа е главната суштина на настанот.

„Бизнис со бизнис средбите се тие кои што се посуштински на овој настан. Ние имавме билатерална средба со највисокото раководство на компанијата Филипс за Европа, затоа што како Влада имаме намера да направиме мапирање на потребите за здравствените установи на целата територија на државата, во делот на инструменти и опрема, а цениме дека Филипс е една од водечките светски компании која од своето производно портфолио може да испорача светски квалитетна современа опрема за да ги задоволи потребите на нашите здравствени установи. Ако не беше таа средба, ние денес немаше да знаеме еден факт, дека минимум 35 % од набавената опрема може да биде грант кој што го обезбедува холандската извозна агенција“, рече премиерот.

Мицкоски говореше и за втората средба со третиот мобилен оператор во Македонија, 4IG, што значи многу придобивки за граѓаните и минимум 100 милиони евра инвестиции и стотици добро платени нови работни места.

„Понатаму бев панелист со американскиот секретар за енергетика, Рајт, заедно со главниот извршен директор на американската оф шор компанија АЕС, зборуваме за главниот извршен директор на компанијата ARAMCO, која е главна компанија преку која се извезуваат енергенси од Саудиска Арабија, потоа директорот на Светската енергетска асоцијација итн. Ова го споменав на интервјуто пред два- три дена, дека две работи беа клучни во пораките и на политичарите и на луѓето од фелата, енергија- струја и вештачка интелигенција. Општество кое нема ова да го препознае, општество кое нема ова да го имплементира, е осудено на пропаст. Нема да биде конкурентно, ќе нема економски развој, ќе нема приходи во буџетот и ќе нема ни за земјоделци, ни за образование, ни за здравство, ни за ништо. Тоа е многу важно. За вештачката интелигенција да работи соодветно и понуди услуги за граѓаните потребно е да имаме дигитално општество и да имаме дата центри со моќни компјутери кои се континуирано напоени со струја. Тоа значи дека ќе биде потребно да се изградат нови производни капацитети за електрична енергија“, посочи Мицкоски и дополни дека потребни се вкупно 40.000 теравати нов инсталиран капацитет во следната деценија.

„Замислете ние овде како регион да се обединиме и од тие 40.000 тера вати, успееме да привлечеме 0,01%. Тоа е 4 тера вати, тоа е 4 трилиони евра, тоа е 400 милијарди евра во наредните 10 години, односно дупло повеќе од номиналниот БДП на сите 6 земји од Западен Балкан“, заклучи премиерот Мицкоски.+

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РКЕ се огласи по кривичната пријава за Марко Бислимовски
Следна Статија Запленети тутунски производи од малопродажен објект во Струга– избегната акциза од 509 илјади денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија!

Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба,…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов со предупредување пред Нова година: Ниедна прослава не вреди живот

Во пресрет на новогодишните и предновогодишните прослави, кога угостителските објекти се полни, а се организираат и бројни јавни забави, Дирекцијата…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мирче Стојков ќе ја води општина Кочани до изборот на нов градоначалник

Мирче Стојков, советник од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја води Општина Кочани до изборот на нов градоначалник, откако досегашниот градоначалник, Љупчо Папазов,…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанкуловска со остра реплика до СДСМ: Според вашата реакција, изгледа предметите навистина се суделе во вашиот штаб

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, остро реагираше на партиската изјава на СДСМ, во која социјалдемократите ја обвинија дека…

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?