Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
ЕКОНОМИЈА

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага

Објавено January 29, 2026 20:39
Сподели
Сподели

Изградените два километра од автопатот Скопје-Блаце не почнуваат од никаде и не завршуваат никаде, затоа и не можат да се пуштат и по нив да има безбеден сообраќај, рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска од говорницата на македонското Собрание одговараше на пратенички прашања на Илир Хасани, пратеник од Европскиот фронт. Николоски посочи дека двата километра завршуваат буквално во провалија и затоа не можат да се пуштат.

Но, тие два километра, претпоставувам често патувате кон Косово и знаете дека не почнуваат никаде, не завршуваат никаде, односно јавноста треба да знае дека ако тоа го сметаме за почеток на автопатот, тие два километри не почнуваат на граничниот премин, туку доколку возите од Скопје за Приштина тие почнуваат десно или источно од граничниот премин и не се поврзани со граничниот премин. Тоа е првиот проблем, а Косово од нивна страна го изгради автопатот до граничниот премин, што значи дека, не да е промашена трасата, комплетно е промашена. Тоа е првата причина, после ќе кажам зошто е промашена – вели Николоски.

Тој додаде дека треба да се направи и приклучок со постојниот граничен премин на Блаце, бидејќи како што рече „ваерлес приклучоци се уште не се измислени во патнички сообраќај и потоа каде што завршуваат овие два километра треба да ги приклучуваме на стариот пат и нема како, затоа што ви кажав дека одат во провалија, односно во дупка“.

Министерот за транспорт и врски Николоски истакна дека проблемот е надминат со помош на стручни консултантски куќи и во моментов тендерот за избор на изведувач е во финална фаза.

Јавното претпријатие за државни патишта својата работа ја заврши. Избран е потенцијален изведувач, за кој што Јавното претпријатие смета дека е најдобар. Инаку имаше 11 понуди и сега одлуката е испратена во Лондон, во седиштето на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), од каде треба да дадат потврда на овој избор, имајќи предвид дека средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој и дел од тие средства се грант и такви се правилата на ЕБРД, кога користите нивни средства да се оди по нивниот систем за јавни набавки, какква и да одлука донесете на крај Европската банка за обнова и развој истата да ја потврди. Би сакал да апелирам до ЕБРД побрзо да донесат одлука, имајќи предвид дека Јавното претпријатие за државни патишта уште во текот на декември месец ја заврши работата и од декември чекаме да добиеме одговор – рече Николоски.

Министерот за транспорт и врски, Николоски од собраниската говорница образложи зошто автопатот „почнува никаде и завршува никаде“.

Претпоставувам знает , ако не знаете прашајте кај претходниот директор на ЈПДП, од вашата политичка партија беше, дека тие два километри беа тендерирани на 14 милиони евра, ама на крај се платија 28 милиони евра. По нашиот Закон за јавни набавки, значи тие се работени по македонскиот Закон за јавни набавки не врз основа на договори со било кои други финансиски институции, максимално што можете да добиете на анекс е 20%, овде е отидено на анекс од 100%, односно сумата од 14 милиони евра станува сума од 28 милиони евра, што го прави убедливо најскап автопат од сите што се градат во моментов во државата – вели Николоски.

Тој додаде кога се поминува можат да се забележат косини, што се заштитени со едни зелени заштити и како што рече „ви е јасно зошто се дадени толку пари, кога едноставно можело патот да биде по западно поместен, а не источно каде што е сега, да ја следи трасата на реката Лепенец и да не се трошат толку пари, колку што се потрошени“.

Сега можеби една од причините е што толку се платило на една компанија, којашто се вика Еуро ком лајтниг и којашто сосема случајно баш во истиот период кога се потпишува анексот на договорот за изградба на овие два километри на Скопје-Блаце купува хотел на Попова Шапка за 55.000 евра, со 55. 000 евра во Скопје гарсоњера не можете да купите, ама овие купиле хотел на Попова Шапка. И случајно мислам дека го знаете сопственикот на компанијава се вика Сулат Алија ваш член, пријател, долгогодишен претседател на ФК „Шкупи“. Така што тој е човекот којшто случајно го купува хотелот на Попова Шапка, баш во истиот момент кога се потпишува дупли договор за изградба на овие два километри – рече Николоски.

Тој се надева дека за брзо време ќе има нов обвинител и оти сите документи се доставени во Обвинителството.

Ама за жал досегашниот работеше, какошто работеше, за да не ги бара по архива, пак ќе му ги препратиме за да може веднаш да работи – рече Николоски.

Николоски истакна дека на претходна седница на пратенички прашања ги кажал четирите компании кои сосема случајно купувале земјиште од приватни лица по трасата на автопатот Скопје-Блаце и какошто рече компаниите биле блиски до партијата ДУИ, додека биле на власт. Тој додаде дека токму по таа траса и Управниот суд, чиј претседател е од политичката партија на пратеникот Хасани пресудил дека токму на таа траса треба да има бензинска пумпа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Латас: Ленче Ристоска, една од ʼониеʼ извикани обвинители на СЈО, по тужба за клевета против мене денес пред судот спомнала моја фамилија
Следна Статија Томовски: Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, успеавме да го легализираме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонски винарии го најавија Денот на станушината

„Македонски семејни винарии" го најавија Денот на станушината, информирајќи дека станува збор за најголемиот вински настан на ова здружение, на…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес во Владата оствари продуктивна средба со раководството на Казанчи Холдинг групацијата, која преку своите…

February 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

May 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска на редовна седница на Владата практично отпочнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?