Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, успеавме да го легализираме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Томовски: Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, успеавме да го легализираме
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, успеавме да го легализираме

Објавено January 29, 2026 20:43
Сподели
Сподели

Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Успеавме да го легализираме имотот на државата. Вилите Водно 1, Водно 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, и се во сопственост на државата со трајно користење на СОЗР, за да можеме да ги сервисираме понатака, изјави вечерва Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Томовски во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, се осврна на работи со кои во моментов се занимава СОЗР, како реновирање на Клубот на пратеници, реновирање на вилите во сопственост на државата. Тој посочи дека е направена целосна реорганизација во институцијата, уште на самиот почеток, вработени се поголем број на луѓе, затоа што истата претходно работела под минимумот, и како што вели, вработените се задоволни.

Напомена дека следната недела на владина седница, е планирана и легализација на охридските вили кои исто така се дивоградба и се запоставени од таа причина.

-Нема никаква реконструкција, реновирање или суштинска измена на истите, односно се оставени на забот на времето. Со помош на овие внатрешни вработени кои што денеска се задоволни, и со наша иницијатива и напор правиме исчекор – посочи Томовски.

Томовски ја спомена владината програма 1А, и кажа дека вилата Свети Стефан е планирано да се реновира целосно.

-Во програмата 1А, која што е владина програма, имаме предвидено за една од тие вили кои што се наоѓаат во Свети Стефан да ја реновираме целосно, а после тоа ќе носиме одлуки дали ќе ја реиздадеме, дали ќе ја користиме како државна вила. Ќе заклучиме заедно што е поисплатливо за државата, потенцира Томовски.

Тој истакна дека реновиран е и Клубот на органи на државната управа, познат како Клуб на пратеници, при што нагласи дека истиот се почесто се користи, а средствата од институциите не се излеваат во сали и хотели, туку, како што вели, гравитираат во рамките на државата и е поекономично.

-Ние направивме едно реновирање на Клубот на пратеници, сериозно реновирање, бидејќи не беше реновиран подолг временски период. Во историја до сега, немало толку настани организирано и се почесто институциите го користат – рече Томовски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
Следна Статија Германија презема чекори за враќање на своите државни резерви злато што се чуваат во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Донесен Законот – обложувалниците се селат на 500 метри од училишта

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот…

June 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО)Димитриеска Кочоска: Нашите иселеници се враќаат од странство, големи европски земји ќе банкротираат

„Јас сега колку што се сеќавам, во изминатиот период во Владата претседателот имаше средби со наши иселеници кои што се…

April 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка,…

October 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Соларниот парк „Стипион“ ќе произведува струја за цел еден град

Изградбата на соларниот парк „Стипион“ кај Штип, ќе  произведува струја за цел еден град, а со тоа ќе придонесе за…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?