Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Објавено January 31, 2026 09:36
Сподели
Сподели

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е начинот на кој треба да се работи кога постои еден ваков сериозен проблем, кој можеше да предизвика несогледливи економски последици како за македонската економија, така и за целиот регион – истакна во интервјуто за ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој потенцираше дека во измината година направени се сериозни напори од Владата, обидувајќи се преку средби, разговори и писма, да го потенцира проблемот со превозниците и ЕУ конечно да сфати какви последици може да се предизвикаат доколку не се реагира.

“ Преку година дена се обидуваме, што со заеднички писма преку други држави, што сами, што на директни средби, министерот за надворешни работи разговарал многу пати, премиерот на последната средба со Урсула Фон Дер Лајен го отвори ова прашање, јас во декември при посетата на Брисел. Но, кога се случи протестот на транспортерите, мислам дека сите сфатија за што се работи, затоа што ова не беше политичка одлука, ова беше бирократска одлука и мислам дека само ова беше начин, да сфатат дека ќе се случи огромен проблем кој што можеше да доведе до несогледливи економски последици и за регионот и за соседството на регионот и за ЕУ”- истакна вицепремиерот Николоски.

Тој се осврна и на чекорите на Владата во изминатите неколку дена, колку што траеа блокадите на граничните премини и реакциите соседството, кои први ги согледаа можните последици.

 

“Не случајно јас отидов во Хрватска пред два дена, не случајно со грчкиот министер разговарав три пати, не случајно вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија реагираше, не случајно вицепремиерот на Хрватска, ден по мојата посета одржа специјална прес конференција за оваа работа, затоа што силно ги афектираше и нив”- потенцираше вицепремиерот Николоски.

Според вицепремиерот, заедничката и координирана активност го потикна решението за овој проблем, за кој доколку не се реагираше навреме можеше да ја погоди целата регионална економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од недела снег и на пониските места
Следна Статија Хорнетс со триумф од 123-121 над Меверикс во напната кошаркарска битка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната…

December 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јенот продолжува со добивките среде закана за интервенција: Преглед на пазарите

Доларот падна во однос на сите негови главни валути по стапката на проверка во петок од Федералната резервна банка на…

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за маркетите: Ќе стават клуч на врата ако продолжуваат да го изигруваат законот за нефер трговски пракси

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека маркетите кои не го почитуваат Законот, ќе се соочат со повисоки казни, и како…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Средба Божиновска – Рокас: Поддршка од ЕУ за ефикасна енергетска политика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија,…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?