Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре стартува „Безбеден град“: Системот подготвен, казните високи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре стартува „Безбеден град“: Системот подготвен, казните високи
МАКЕДОНИЈА

Утре стартува „Безбеден град“: Системот подготвен, казните високи

Објавено January 31, 2026 13:01
Сподели
Сподели

Системот „Безбеден град“ официјално почнува со работа од утре (1 февруари), новиот автоматизиран механизам за контрола и санкционирање на сообраќајните прекршоци на територијата на државата.

Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека системот е целосно тестиран и подготвен за примена, а паралелно продолжува и ажурирањето на податоците на возачите, што е законска обврска.

 

Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:

 

• непрописно паркирање;

• управување со брзина поголема од пропишаната;

• минување на црвено светло;

• управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

 

Казни за пречекорување на брзината во населено место (до 50 км/ч):

 

до 10 км/ч над дозволеното – глоба од 15 евра

 

од 10 до 30 км/ч – глоба од 50 евра

 

од 30 до 50 км/ч – глоба од 300 евра и прекршочна санкција

 

забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци

 

Казни за пречекорување на брзината надвор од населено место:

 

до 30 км/ч – глоба од 20 евра

 

од 30 до 50 км/ч – глоба од 50 евра

 

од 50 до 70 км/ч – глоба од 300 евра и прекршочна санкција

 

забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци

 

За поминување на црвено светло:

 

глоба од 250 евра

 

заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци

 

За непрописно запирање и паркирање:

 

глоби од 25, 40, 150 и 180 евра, во зависност од видот и тежината на прекршокот

За учество во сообраќај со нерегистрирано возило:

глоба од 500 евра

доколку од истекот на сообраќајната дозвола не поминале повеќе од 30 дена – глоба од 100 евра

Од МВР информираат дека казните платени во рок од осум дена ќе бидат намалени за 50 отсто, а по истекот на рокот ќе се наплатува целосниот износ. Дополнително, најавени се и полициски возила со мобилни камери кои ќе патролираат низ државата и ќе регистрираат прекршоци во реално време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ексклузивно | Извршниот директор на GameStop има смела стратегија за освојување на неговата награда од 35 милијарди долари
Следна Статија Епл пријавува најдобри досега продажби на iPhone, додека Mac бележи пад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За први мај на ГП „Блаце“ поминале над 26 илјади граѓани – низ „Богородица“ пак над 24 илјади!

Вчера на граничните премини низ Македонија можеше да се забележи голем метеж, а граѓаните чекаа со часови за да влезат…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) И на носилки директорката на средното во Демир Хисар во полициска станица – да биде разрешена

  Во Демир Хисар синоќа полицијата по наредба на јавен обвинител го претресуваше семејниот дом на директорката на средното училиште,…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

При изведба на градежни работи во Струга, поради невнимание урнат ѕид од спомен-куќата на Владо Малески, заштитено културно наследство

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро во Струга, во сокачето на Миладиновци, срушен е…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кабинетот на Гаши: Потпишана е одлуката за оглас за нов Народен правобранител

Од вчера граѓаните нема кому да се обратат доколку им биде потребна помош од Народниот правобранител. Пратениците во четвртокот изгласаа…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?