Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се светнува Клиничкиот центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се светнува Клиничкиот центар
МАКЕДОНИЈА

Се светнува Клиничкиот центар

Објавено January 31, 2026 19:47
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата.

Според Ѓорѓиевски, во акцијата се вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, а целта е уредување на, како што посочи, срцето на македонското здравство, по долгогодишна негрижа за овој исклучително важен комплекс. Акцијата, како што нагласи, е директен одговор на оправданите реакции и забелешки на граѓаните.

-Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено. Се перат и чистат улиците и паркинзите, се сече и отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила и се подига кабастиот и комуналниот отпад, вели Ѓорѓиевски во објавата.

Како што најавува тој, секој дел од комплексот ќе биде уреден со цел Клиничкиот центар да добие лик соодветен на неговото значење.

Ѓорѓиевски потенцираше дека ова не е изолирана интервенција, туку почеток на континуирана грижа, најавувајќи дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина со цел одржување на хигиената и безбедноста во најзначајните јавни простори во градот. ф

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украински и руски војник ранети во урнатините на фронтот си помагале за заедно да ја избегнат смртта
Следна Статија Трамп прогласи национална вонредна состојба во САД поради „заканите што доаѓаат од Куба“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ – учениците влегуваа од другата страна

Паднато дрво го блокира главниот влез на ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец, на потегот од ул. Васил Ѓоргов кон Заводот…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%

Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скоро 1000 бесправно изградени објекти се регистрирани лани во Македонија

Во Македонија, вкупно 911 бесправно изградени објекти се регистрирани во текот на 2025 година, според податоците објавени од Државниот завод…

July 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Трајков: Народот честопати бил изневерен, нема простор за нови разочарувања

Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?