Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Toшковски: Од 120.000 прекршоци пред два месеци дојдовме на 500
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Toшковски: Од 120.000 прекршоци пред два месеци дојдовме на 500
МАКЕДОНИЈА

Toшковски: Од 120.000 прекршоци пред два месеци дојдовме на 500

Објавено February 2, 2026 10:58
Сподели
Сподели

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се обрати на македонските граѓани по повод започнувањето на проектот „Безбеден град“. Тој им честиташе за свесноста за важноста неговата имплементација по безбедноста.

 

Денеска сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот, бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на – истакна вечерва министерот Панче Тошковски во своето вонредно видео обраќање до македонските граѓани по повод првиот ден од формалното започнување на проектот „Безбеден град“.

 

Тошковски сведочеше за успешниот старт на проектот, дека одвива според планираните параметри и граѓаните како што се и очекуваше во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила. Министерот уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откритие на бонус за претпродажба на Покемон Покопиа за Switch 2 (Северна Америка)
Следна Статија Зошто изборот на Трамп за претседател на Федералниот резерв влијаеше на пазарите на злато и сребро – за добри причини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томевски: Успешна интервенцијата на пожарот во Трубарево, целосно е под контрола

Пожарот кој изби во објект со електронски отпад во Трубарево е целосно под контрола. Покриени се околу 80 проценти од…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Активирана фаза три: Денеска многу топло со 41 степен

Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде…

July 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: При крај на оваа пролет ќе се набават камионите за „Комунална хигиена“-Скопје

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?