Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра
МАКЕДОНИЈА

„Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра

Објавено February 2, 2026 11:01
Сподели
Сподели

Советот на Општина Струга донесе одлука да го продаде службеното „ауди А6“ набавено во мандатот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко. Возилото, купено за 67.000 евра, ќе се продава на јавно наддавање со почетна цена од 10.000 евра.

– И ние како советничка група и неколку останати советници гласавме за продажба на тоа возило од проста причина што многу добро знаеме во какви околности беше купено тоа возило и во какво време, кога не беа запазени приоритетите на граѓаните. Струга имаше многу посериозни проблеми кои требаше да се решат, а не да се купува едно такво луксузно возило – изјави за Алфа, Коста Хиохи, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според важечките прописи, на возилото му е пресметувана годишна амортизација од 15 отсто. Неговата моментална проценета вредност изнесува 618.602 денари, односно 10.000 евра.

– Почетната цена на продажбата ќе биде еднаква на проценетата вредност, утврдена од овластен проценител. Крајната продажна цена ќе се утврди преку самата постапка на јавно електронско наддавање – соопштија од Општина Струга.

Возилото, кое шест години се користело како службено, било поправано двапати, во март 2024 и во јануари 2025 година, за што биле потрошени 4.000 евра.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто изборот на Трамп за претседател на Федералниот резерв влијаеше на пазарите на злато и сребро – за добри причини
Следна Статија 10+ Игри доаѓаат на Xbox следната недела (2-6 февруари)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски-Касаноф: Поддршка од САД за аспирациите на Македонија за целосна евроатлантска интеграција

Имавме искрена и пријателска средба која беше потврда за тридецениското партнерство помеѓу двете земји кое се темали на заеднички вредности…

December 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од…

May 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сите судии изземени во Битола, предметот за РЕК и Марковски оди во судот во Струга

Предметот за злоупотребите со јавни набавки во РЕК Битола и Марковски компани се сели во Основниот суд Струга, откако сите…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?