Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Алиу: Нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Алиу: Нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово

Објавено February 6, 2026 13:53
Сподели
Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ги посетија новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово.

„Со денешната промоција целосно го заокружуваме процесот на реконструкција на новите просторни капацитети за Институтот за трансфузиона медицина во Тетово. За таа цел, од Институтот се инвестирани околу 8,3 милиони денари. Регионалниот центар за трансфузија во Тетово, како составен дел на Институтот, опфаќа и три помали центри: во Гостивар, Кичево и Струга. Овој регионален центар ја обработува крвта собрана од другите центри, нуди амбулантски здравствени услуги за пациентите, организира акции за дарување крв и ги снабдува клиниките и болниците во овој регион со крв и крвни продукти“, истакна министерот Алиу при посетата.

Тој нагласи дека Министерството во континуитет работи и на зајакнување на кадарот, посебно таму каде што се затекнати лица кои подолго време биле ангажирани со договор на дело.

„Во Институтот за трансфузиона медицина, кој има свои подрачни служби низ државата, кон крајот на минатата година заврши огласот за вработување и веќе се вработени вкупно 48 лица, а дел од нив се и тука во Институтот за трансфузиона медицина во Тетово. Продолжуваат нашите заложби за зајакнување на инфраструктурните и човечките капацитети во јавните здравствени установи, со цел подостапни и поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани во државата, додаде Алиу.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се промени системот со двајца–тројца студенти на една студиска програма, кажа министерката Јаневска
Следна Статија Лавров упати сериозни обвинувања: Украинците се обидоа да го убијат генералот Алексеј во Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија

Предвиден е заеднички буџет за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија и годишно од 12 до 150…

March 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вакцината против рак може да ги искорени сите тумори кај пациентите, покажа испитување во Лондон

Лекарите ги поздравија досега „невидените“ резултати од испитување кои покажуваат дека вакцината против рак со тројно дејство може да ги…

May 31, 2026
ХРОНИКА

Маж од Челопек тепал доктор и полицаец во тетовската клиника

Министерството за здравство информира дека по пријава од Клиничка болница Тетово до полицијата за агресивност врз медицинскиот персонал се преземени…

October 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вонреден инспекциски надзор на Кардиохирургија

Инспекторите од ДСЗИ ќе влезат на Клиниката за кардиохирургија да извршат увид во медицинската документација за лекувањето на 59 годишниот…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?