Авион на компанијата „Визер“ (Wizz Air), кој утрово летал на линијата Скопје до Париз, принудно бил пренасочен кон аеродромот во Брисел да слета, откако екипажот прогласил вонредна состојба во текот на летот поради влошена здравствена состојба на патник.
Имено, како што објавуваат дел од домашните медиуми додека авионот бил во воздушниот простор над Луксембург, пилотите побарале итно слетување на бриселскиот аеродром Шарлоа, кој бил поблизу се со цел да му се укаже лекарска помош на патникот.
Инаку според податоците од Фјалтрут експлорер (Flight RouteXplorer), вонредната состојба била прогласена околу два часа по полетувањето. Станува збор за летот W64719, управуван од авион од типот „Аирбус A321нео“.
Дополнително платформата „Флајтрадар 24“ исто така потврди дека авионот наместо во Париз, завршил во белгиската престолнина.