Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието
ЕКОНОМИЈА

ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието

Објавено February 9, 2026 13:01
Сподели
Сподели

Работниците предводени од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) утре во 9 часот ќе одржат протест со блокади на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ пред зградата на Собранието. Ова денеска на својот фејсбук-профил го најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, посочувајќи дека оваа блокада е дел од притисокот за зголемување на минималната плата и линеарен раст на останатите примања.

Причина за блокадата пред Собранието, како што посочи, е и што пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати.

Поради блокадите на улиците пред Собранието, како што претходно соопшти тој, пратениците нема да можат да дојдат со возила на работа и ќе мораат да поминат покрај работниците и да ги погледнат во очи. Дополнително, нема да можат да наплатат за гориво, што, според ССМ, е најболната точка за народните избраници.

„Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку блокадата ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците“,вели Трендафилов.

Според него, истите пратеници што уживаат право на собраниско кафе по ниски цени и трошоци за патување до нивното работно место е нешто што им го скратиле на работниците и нешто што не им го утврдуваат како право на храна и превоз на работниците.

„Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на платите, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79 отсто зголемени плати што дополнително ќе се зголемат за 12,6 отсто доколку Уставниот суд ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2 отсто колку што пресмета Гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година или ќе добијат вкупно 21,8 отсто зголемување на нивните плати. Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за работниците е срамно“,вели Трендафилов.

Ги потсети пратениците дека не само што мораат итно да гласаат за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати, туку дека ќе мораат да гласат и за намалување на функционерските плати по иницијативата на ССМ.

„Доколку и понатаму молчат, преминуваме на собирање на 10 000 потписи со кои ќе ги намалиме нивните, а ќе ги зголемиме работничките плати. Ќе мора да бираат, ќе гласаат за себе, а против работниците (нивните гласачи) или ќе гласаат за работниците“, напиша тој на Фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Цела недела нема одговор како пет тона дрога поминале граница
Следна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Заев и Филипче се фатени живи во бизнисот со марихуана – Јавното обвинителство мора да истражи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска – Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи оти не дава резултати

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес – конференциај по повод 100 дена од работата на Министерството изјави…

October 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

„Од октомври 2025 година, деловните банки од земјава ќе можат да се приклучат кон платните системи на Единствената област за…

April 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните сами треба да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата

И покрај поднесените иницијативи за воведување на поправеден систем на пресметка на потрошената електрична енергија, состојбите во пракса покажуваат дека…

April 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ е главната тема на 16. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Народната банка и Централната банка на Холандија, по шеснаесетти пат, ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?