Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четворица професионални војници имаат шуга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Четворица професионални војници имаат шуга
ЗДРАВЈЕ

Четворица професионални војници имаат шуга

Објавено February 9, 2026 21:14
Сподели
Сподели

Се зголеми бројот на војници заразени со шуга. Кај четворица е откриена болеста, сите се во добра состојба и се на домашно лекување, велат од воено медицинскиот центар откако кон крајот на минатата недела, беа пријавени случаи на шуга во касарната во Велес.

„Досега има четворица, во изолација нема, сите четворица се пратени на домашно лекување. Другите се наоѓаат во единицата и се добри и без симптоми. Ги следиме секојдневно останатите слушатели на курсот, саекојдневно ги прегледуваме, кој има некои промени, некои симптоми веднаш се упатуваат на специјалист на дополнителен преглед . За сега немаме такви.“, кажа доктор Лариса Оранска, епидемиолог во ВМЦ.

МО: Шугата кај професионалните војници не потекнува од касарната во Велес

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата.

Од Министерството појаснуваат дека шугата може да се добие само преку контакт со претходно заразено лице или преку постелнина, пешкири и слично, кои претходно биле користени од исто така заразено лице. Посочуваат дека пред приемот на професионалните војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, направено е комплетно уредување на просториите во кои се сместени војниците, односно извршена е комплетна дезинфекција на просториите и дадени се чисти и испрани постелнини и ќебиња.

Како што се посочува во соопштението, во меѓувреме од страна на Армијата и Воено – медицинскиот центар согласно здравствените протоколи се преземени мерки за спречување на натамошно евентуално ширење на оваа заразна болест.

-Од страна на одделението за превентивна заштита од Воено – медицинскиот центар извршен е стручен епидемиолошки надзор, давање на мислење и понатамошни насоки и препораки. На превентивен преглед се испратени сите војници кои што биле во контакт со заразените лица. За време на викендов во просториите каде што се сместени војниците е извршено комплетна замена на постелнината, направена е дезинфекција на сите спални соби, дезинфекција на ќебињата, перниците и душеците и е испрана постелнината. Сите војници се информирани за симптомите кои може да се појават како резултат на оваа болест, дадени се препораки доколку се забележат кожни промени веднаш истото да се пријави и да се консултираат со доктор, велат од Министерството за одбрана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Вилите на претседателот и на премиерот во Скопје и во Охрид сега имаат имотен лист
Следна Статија Прва седница на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кадровски освежувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Еден од најголемите експерти во фетална медицина Николаидес Кипрос ќе едуцира доктори на ГАК

Проф. Д-р Николаидес Кипрос за првпат во Македонија ќе едуцира доктори на Клиниката за гинекологија и акушерство. Како што информираа…

May 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена…

December 24, 2024
ЗДРАВЈЕ

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1…

July 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника „Жан Митрев“

Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиника „Жан Митрев“ е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, единствен во државата.…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?