Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Постигнавме историски договор со репрезентативните синдикати на администрацијата и државната управа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Постигнавме историски договор со репрезентативните синдикати на администрацијата и државната управа
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор со репрезентативните синдикати на администрацијата и државната управа

Објавено February 10, 2026 15:35
Сподели
Сподели

Договорот што го постигна Владата со репрезентативните синдикати од администрацијата и јавната управа е историски и ќе овозможи зголемување на платите на вработените за 40 проценти, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека со ова Владата како најголем работодавач го заокружува договорот со своите колеги.

Овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, кој во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 година до април 2028 околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе добијат околу четириесеттина проценти повисока плата од таа што денеска ја добиваат. И со ова Владата како најголем работодавач го заокружува својот договор со своите колеги. Практично, на ова му претходеа здравствените работници, па образовните работници, па другите институции и конечно, сега со САДУ и со УПОЗ. На тоа ги додадовме и вработените во службите на судовите и обвинителствата, околу единаесет илјади наши колеги. Сето ова кога ќе се заокружи, ние можеме да кажеме дека до крајот на мандатот на оваа Влада сме ги регулирале нашите обврски и односи со нашите колеги, рече премиерот Мицкоски.

Во врска со денешната блокада на Собранието од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) смета дека и таа и протестите се политички мотивирани.

Тоа ќе продолжи, затоа што ова има политичка позадина. Еден од денешните протестанти со мене држеше прес – конференција, во видно егзалтирана состојба, задоволен од тоа што го постигнавме. Денеска го гледате, блокира заедно со тој другиот кој што се повикува на работнички права, а злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи. Допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци и работниците кој ги води и кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси и тоа во периодот што следи ќе го има, рече премиерот во одговор на новинарско прашање по увидот во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода.

Но, додаде тој, она што за него како претседател на Владата, е најважно е аргументот оти Владата е најголем работодавач и треба да си ги регулира обврските, нешто што веќе го направиле.

Ние си ги завршивме нашите обврски. Во бипартитниот дијалог меѓу коморите, односно работодавачите и работниците, ние сме фасилитатор и рековме дека ќе го поддржиме секое решение кое што тие практично ќе го договорат. Но, ние нема и не сакаме да поддржуваме политички инструирани самонаречени водачи. Не сакаме да влегуваме во таков тип на процес. Повторно кажувам еден од оние кој што денеска протестираше пред два, три дена со мене држеше прес-конференција во една егзалтирана состојба и кажуваше дека ова е историски договор, оти ова никогаш не се случило и така натаму. Денеска, пак, граѓаните сами нека судат и нека ценат, рече премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формула за доенчиња
Следна Статија Македонија без суштински напредок според листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупција за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета

Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме…

March 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски – Соријано Ортиз: Авиолиниите до Мадрид и до Барселона се одлична можност за подобрување на соработката меѓу двете држави

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје…

August 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Акции за следење во понеделник: Преглед на Capital One, UnitedHealth, Walmart, Exxon

Акциите на најголемите американски банки и компании за кредитни картички паднаа по повик на претседателот за ограничување на каматните стапки…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата в година се зголемува на 24.400 денари?

Според актуелните движења на параметрите со кои се формира минималната плата, таа следниот март во 2025 година се очекува да…

November 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?