Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена
ЕКОНОМИЈА

Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена

Објавено February 11, 2026 15:29
Сподели
Сподели

Проблемот со продолжениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната стана актуелен по казната што денес беше изречена во пристаништето Росток, Германија. Како што известија од „Макам-транс“, македонски возач бил откриен со три дена надминување на дозволените 90 дена во период од 180 дена, по што му е изречена парична казна од 150 евра.

– Возачот ќе ја напушти Германија со авион, а возилото ќе го продолжи друг колега од истото превозно друштво. При напуштање ќе му биде издаден документ со точен датум кога повторно ќе може да влезе во Шенген зоната – појаснија од „Макам-транс“.

Оттаму предупредуваат дека ако возачот по втор пат биде фатен на контрола со надминување на дозволените денови, може да му се изрече забрана за влез во Шенген зоната до пет години.

Во меѓувреме, Европската комисија денес во 14 часот ќе одржи состанок на работната група за донесување конкретни решенија за регулирање на продолжениот престој на возачите. На состнокот ќе учествува и преставник од македонските превозници.

Препораката од експертите е внимателно следење на деновите на престој и избегнување на пристаништата Росток и Салзбург, каде најчесто се вршат контроли. Возачите и превозниците се повикуваат на максимална внимателност за да се избегнат финансиски и административни казни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Случај „Онкологија“: Пациенти лекувани без биопсија, терапии давани и еден ден пред смртта
Следна Статија Кардиохирургот Едис Љајиќ по потекло од Македонија со помош на роботски систем во Германија оперираше скопјанец со коронарна срцева болест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари

Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.…

December 14, 2024
СВЕТ

Пет лица загинаа во вооружен инцидент во Германија

Пет лица загинаа, а повеќе други се повредени во вооружен инцидент што се случи во германскиот град Штаде, соопшти локалната…

June 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?