Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.

Објавено February 14, 2026 18:52
Сподели
Сподели

Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил.

– Денес, Народното собрание на Република Бугарија го ратификува договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше ратификуван и во македонското Собрание. Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас. Се гордеам што овој договор, кој го потпишавме на 6 ноември со заменик-претседателот на владата на Бугарија, Гроздан Караџов, ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народа, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридорот 8, кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери – напиша Николоски.

Тој истакнува дека паралелно се работи на развивање и на Коридорот 10.

Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добросостојба на сите македонски граѓани. Продолжуваме да работиме, истакнува Николоски.

Проектираната должина на тунелот е речиси 2,4 километра, 1.189,30 метри на македонска територија, а 1.193,70 метри на бугарска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема јавање магаре на Санторини ако сте потешки од 100 кила
Следна Статија Средба на Мицкоски со Гренел: Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат…

May 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: „Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно подарок од британската Влада

„Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно тоа е…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стопанската комора бара над 70 отсто учество на бизнисот во реализацијата на британските инвестиции од стратешкото партнерство

Бизнисот да биде присутен со најмалку 70 отсто од извршувањето на работите во новите проекти и инвестиции што ќе ги…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?