Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се испумпува водата од Буковиќ и се чистат каналите за да се спречи ново излевање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се испумпува водата од Буковиќ и се чистат каналите за да се спречи ново излевање
МАКЕДОНИЈА

Се испумпува водата од Буковиќ и се чистат каналите за да се спречи ново излевање

Објавено February 15, 2026 16:13
Сподели
Сподели

По силните поројни дождови во општина Сарај, селата Буковиќ и Семениште беа погодени од поплави. Со механизација и активни екипи се чистат поплавените објекти и критичните канали, со цел да се спречи ново излевање на водата.

Преземени се следните мерки -испумпување и расчистување со екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово кои ја испумпуваат водата од поплавените објекти и чистат критични точки. Во делот на инфраструктура, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа. Дирекцијата за заштита и спасување ја проценува штетата и обезбедува техничка поддршка во координација со локалните структури.

Надлежни на терен

На терен се наоѓаат директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, градоначалникот на општина Сарај Мухамед Елмази, првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, министерот за животна средина Мухамед Хоџа и Зекерија Бериша, кои ја следат состојбата и ја координираат институционалната реакција.

Градоначалникот Елмази апелираше до граѓаните да бидат внимателни, да ги избегнуваат загрозените подрачја и да се јавуваат на соодветните служби во случај на итна состојба.

Со координирано дејствување на сите институции, се преземаат интензивни мерки за заштита на населението, минимизирање на штетата и брзо санирање на последиците од поплавите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Годините за нив не минуваат: Владо и Бајага се евергрин
Следна Статија Балканските превозници се враќаат на блокадите,ЕУ ги отфрли нивните предлози

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова од Детроит: Мораме да си ги задржиме врските во дијаспората, на тој начин опстојуваме

Ние мораме да си ги задржиме врските, да бидеме во постојана комуникација, мораме да си ја повратиме дијаспората, а тоа…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца

Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредува: Не шетајте преблиску до Охридското Езеро, има високи бранови

Во текот на денешниот ден, како и за време на претсотјнаа ноќ се очекуваат врнежи од дожд на целата територија…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?