Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: 21-от век ќе биде век на понижување на Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: 21-от век ќе биде век на понижување на Европа
СВЕТ

Орбан: 21-от век ќе биде век на понижување на Европа

Објавено February 15, 2026 19:03
Сподели
Сподели

 Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во годишното обраќање до нацијата истакна дека Европа  првпат од пронаоѓањето на парната машина е надвор од големите светски промени и оти 21-от век ќе биде „век на понижување на Европа“.

Тој синоќа потенцира дека тоа што минатата години го тврдел сега се остварило. Орбан во минатогодишниот говор наведе дека унгарската влада, како сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде на „главната улица на историјата“ додека политичките противници „ќе скитаат по споредните улици“.

Според него Трамп повел револуција против либералните елити, а Унгарија се придружила.

– Морам да признаам дека завршивме само половина од работата: репресивната машинерија на Брисел сè уште работи во Унгарија и ние ќе ја исчистиме по априлските избори. Маскирани во организации на граѓанското општество, купени новинари, судии, политичари, алгоритми, бирократи, вртат милиони евра, тоа денес е Брисел во Унгарија – истакна Орбан.

Тој посочи дека треба да се цени пријателството на САД бидејќи Вашингтон ја разоткрива цензурата на Европска Комисија. Орбан се повика на американски извештај во кој се наведува дека Европска комисија наводно вршеле притисок врз социјалните мрежи да цензурираат содржини, вклучително и за време на изборите во Романија и во Молдавија.

Орбан наведе и дека „Европа одлучила да тргне во војна до 2030 година“.

– Ова ќе бидат последни избори (во Унгарија) пред војната. Брисел одлучи да ги порази Русите во Украина, а надвор од Унгарија, војна се подготвува низ цела Европа – посочи унгарскиот премиер.

Тој во говорот се осврна и на Украина, потенцирајќи дека Будимпешта нема да испрати ниту пари ниту оружје за Киев.

– Европа се вооружува и испраќа упатства до своето население што да прави во случај на војна, додека на Украина ѝ испраќа големи суми пари во форма на заеми. Украина само голта пари. Никој не може да одговори на прашањето како да се победи нуклеарна сила без да се користи нејзиното нуклеарно оружје – истакна Орбан

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возило „Брабус“ кое вреди 100.000 евра одземено од гаражата на Радоје Звицер (ФОТО)
Следна Статија Во 23 часот почнува „Ол старот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Зеленски со иронична насмевка изреагира на зборовите на Трамп дека Путин „сака Украина да успее“

Украинскиот претседател остана со подигнати веѓи и иронична насмевка на зборовите на американскиот лидер Доналд Трамп кој изјави дека рускиот…

December 29, 2025
СВЕТ

Дали Иран гаѓа со ракети со повеќе боеви глави?

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран во најновиот напад врз северниот дел на Израел употребил ракети со повеќе боеви глави.…

June 19, 2025
СВЕТ

(Видео) Страшна бура ги опустоши Филипините, најмалку 26 загинати

Тропската бура Трами уби најмалку 26 луѓе, а повеќе од 150.000 принуди да ги напуштат своите домови на Филипините, соопштија…

October 24, 2024
СВЕТ

Полициски час во делови на Лос Анџелес: Градот прогласи вонредна состојба

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, воведе полициски час во центарот на градот поради ескалација на протестите против заострувањето на…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?