Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поплавите се повлекуваат, 250 лица и натаму згрижени во Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поплавите се повлекуваат, 250 лица и натаму згрижени во Кичево
МАКЕДОНИЈА

Поплавите се повлекуваат, 250 лица и натаму згрижени во Кичево

Објавено February 17, 2026 09:58
Сподели
Сподели

По обилните врнежи од дожд и снег што во изминатите денови предизвикаа излевања и евакуации во повеќе региони, состојбата постепено се стабилизира. Според информациите од Центарот за управување со кризи, во Тетовскиот и Кичевскиот регион нема нови пријави за поплавувања, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.

Во Тетовскиот регион не се регистрирани нови излевања на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде вчера беше евидентирано поплавување. Сепак, поради врнежи од снег, од утринските часови се воведени сообраќајни ограничувања. Забрана за движење на товарни моторни возила важи на патните правци Гостивар–Стража–Кичево и Гостивар–крак Маврово–Дебар. На делницата Тетово–Попова Шапка е забрането движење на автобуси, додека за останатите патнички возила е задолжителна зимска опрема.

Во Битолскиот регион, преку бројот за итни повици 112 е примена пријава за поплавена куќа на улицата „Буквски Мост“, по што случајот е проследен до Територијалната противпожарна единица Битола за понатамошна интервенција. Нивото на Црна Река во село Новаци утрово изнесува 310 сантиметри. Во општина Долнени се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба, со механизација од ЈП „Македонија пат“.

Во Кичевскиот регион нема нови поплавувања на објекти, а состојбата останува непроменета во однос на вчерашниот ден. Нивото на реките продолжува да се намалува. Вкупно 250 евакуирани лица сè уште се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и хигиенски средства. Екипи на ЈП „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица продолжуваат со испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември.

Од надлежните институции информираат дека состојбата се следи континуирано и дека службите остануваат на терен сè додека не се нормализира целосно

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Pixel-овата функција ‘Сега Свири’ станува реална апликација, но не за сите
Следна Статија Северна Кореја изгради станбена четврт за семејства на загинати војници во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски од утре ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски,…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нормализирано е снабдувањето со струја во делови од Скопје, пожарот во Вардариште под контрола

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје, информираат вечерва од Електродистрибуција, откако поради пожар во неколку скопски…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потресно сведоштво на Ванковска: Добив инструкции да одам јас да проверам дали има пулс или со огледалце дали дише!

Професорката Билјана Ванковска сподели потресно сведоштво од инцидент кој и се случил. Имено, таа раскажа дека нејзиниот сосед починал и…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возрасна мечка бркала 15-годишно момче во околината на Македонски Брод

Возрасна мечка вчера бркала 15 годишно дете во атарот на селото Крапа во Општина Македонски Брод. Детето, кое во тој…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?