Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Авионот е користен согласно прописите, опозицијата шири хипокризија и сензационализам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Влада: Авионот е користен согласно прописите, опозицијата шири хипокризија и сензационализам
МАКЕДОНИЈА

Влада: Авионот е користен согласно прописите, опозицијата шири хипокризија и сензационализам

Објавено February 17, 2026 14:40
Сподели
Сподели

Владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот на користење на истиот. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола, велат од Владата по прес-конференцијата на СДСМ.

Од Владата посочуваат дека ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба.

Особено е симптоматично што опозицијата свесно ја игнорира хуманитарната и државничка димензија на користењето на авионот во ситуации од итен карактер. Јавноста добро знае дека истиот воздухоплов беше ставен во функција на спасување човечки животи, меѓу другото и при транспорт и координација на активности поврзани со повредените од трагичниот пожар во Кочани. Загрижува фактот што истата политичка структура која денес обвинува, во минатото го користеше владиниот авион за патувања кои останаа длабоко контроверзни во јавноста, вклучително и летови до Ниш, во тоа време од патувањата со владиниот авион гледавме фотографии и изјави со кои се манипулираше јавноста.

Денешните обиди за морализирање од страна на истите актери претставуваат класичен пример на политичка хипокризија. Кога беа на власт, ги уриваа стандардите на отчетност, ги злоупотребуваа службените ресурси до максимум, а никогаш не иницираа суштински реформи напротив, токму во нивниот период на владеење, јавноста беше сведок на безброј злоупотреби, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека како институција остануваат цврсто посветени на принципите на законитост, отчетност и транспарентност.

Секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола, и ние немаме што да криеме. За разлика од политиката на сензационализам и конструирани афери, наш приоритет остануваат конкретните резултати, заштитата на јавниот интерес и унапредувањето на меѓународната позиција на државата, се нагласува во владиното соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 5 Марки на Фрижидери Кои Треба Да Ги Избегнувате, Според Извештаите на Потрошувачите
Следна Статија Сите освен Панчевски ги исполнуваат условите да бидат нов Јавен обвинител

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните попладне ќе добијат СМС порака, еве за што се работи

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба,…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Василевска: Гоце Делчев е дел од македонската визија и темелот на изградбата на визијата за современата македонска национална држава

Иванка Василевска, професор на правниот факултет при УКИМ и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од трибината која се одржа денес,…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се одбележува 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?