Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот
МАКЕДОНИЈА

По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот

Објавено February 17, 2026 14:42
Сподели
Сподели

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките во Македонија.

Според најновите податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на речиси сите поголеми водотеци е далеку над просекот за февруари, а на одредени мерни места се бележи зголемување и за повеќе од четири пати во однос на вообичаените вредности.

Најдраматична е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде што денеска се измерени 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.

Зголемени вредности бележи и најголемата македонска река Вардар. Кај Јегуновце утрово се измерени 220 сантиметри, што е за два и пол пати повеќе од вообичаеното ниво за овој период од годината. Покачено ниво на водата на Вардар е регистриран и кај Скопје, Велес и Демир Капија.

Според УХМР, зголемување на нивото на водата се бележи и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамките на февуарскиот просек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПСЖ вечерва едноставно мора да победи во Монако
Следна Статија ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дел од семејствата на настраданите од „Пулс“ на средба во Обвинителството

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Не бев изненадена, бев задоволна – Агелер за ставањето на Груби на „црната листа“ на САД

„Моја претпоставка е дека веројатно никој во оваа земја, меѓу граѓаните, во судството… не бил изненаден кога го видел неговото…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Подготвителна седница за Законот за јазици на 19 јуни

Претседателот на уставниот суд Дарко Костадиновски најави дека на 19 јуни ќе се одржи подготвителната седница за Законот за употреба…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?